Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Беќаровски по пожарот во Трубарево: Во Македонија сме само тројца супспецијалисти-клинички токсиколози
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Беќаровски по пожарот во Трубарево: Во Македонија сме само тројца супспецијалисти-клинички токсиколози
ЗДРАВЈЕ

Беќаровски по пожарот во Трубарево: Во Македонија сме само тројца супспецијалисти-клинички токсиколози

Објавено September 14, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Пожарот во Трубарево предизвика бројни полемики во јавноста, но и коментари на социјалните мрежи. Иако вообичаено на големи теми сме навикнати да се јави со свои совети и доктор Нико Беќаровски, тој во текот на вчерашниот ден не се огласи.

Сепак, денеска, со свој пост појасни зошто го нема, но и укажа на голем недостиг на доктори од неговата област, што секако се одразува и врз неговата работа и потребата од повеќе доктори како неговиот профил.

– КАДЕ СУМ, прашувате ???

Во Македонија се на сѐ сме 3 (ТРОЈЦА) супспецијалисти Клинички токсиколози, со просечна старост од 64 години и две супспецијализантки десетина години помлади.

До раните утрински часови бев дежурен на своето работно место на УК токсикологија каде ги третиравме експонираните од пожарите низ државава.

Во вторник повторно ќе бидам дежурен !!!!

Бројот на акутни труења и експозиција на отрови и злоупотреба на психоактивни супстанции и дроги рапидно расте.

За жал во држава како нашата потребата од КЛИНИЧКИ ТОКСИКОЛОЗИ и ОНКОЛОЗИ рапидно ќе расте, без оглед колку овие специјализации и супспецијализации да не се атрактивни за младите доктори.

Дебатите по телевизии и социјалните мрежи, ќе ги препуштам на колегите теоретичари и медиумските парадери, кои веќе излегуваат и од “вашите фрижидери”, јас морам да одморам до следното дежурство (5) петто во месец септември !!!

Татковината се сака со дела и работа, не со зборови и празни фрази – напиша Беќаровски на Фејсбук

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директорот на ЦУК заврши на токсикологија поради изложеност на чад во Трубарево
Следна Статија Мицкоски од „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

Пристигна технологија која веќе го менува начинот на кој се изведуваат операции низ светот. Станува збор за ExcelsiusGPS™️ – првиот…

July 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Нема пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека досега немало пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот…

August 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека

Повеќето од лековите на Онкологија се стигнати, фали уште еден лек чија набавка е во тек, но, има проблем со…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци

При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?