Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба.
Чадот и непријатниот мирис што се шират низ Скопје беа алармот за граѓаните да излезат на улица.
Досега протестите се одржуваа секое попладне, но денеска за прв пат демонстрациите се одвиваат во утринските часови.
Организаторите велат дека се решиле на ваков чекор поради „немањето слух кај надлежните органи за нивните барања и сè поголемото труење кое доаѓа од пожарите на депониите Вардариште и Дрисла, но и од други локации, како оној во Трубарево“.