Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вечерва го води подкастот на убиениот Чарли Кирк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вечерва го води подкастот на убиениот Чарли Кирк
СВЕТ

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вечерва го води подкастот на убиениот Чарли Кирк

Објавено September 15, 2025 22:59
Сподели
Сподели

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, попладнево го води подкастот на Чарли Кирк во спомен на убиениот десничарски активист, јави ДПА.

Венс напиша на платформата X дека со тоа сака да му „оддаде почит“ на својот пријател. Потпретседателот Џ.Д. Венс и Чарли Кирк се познаваа долго не само како сојузници, туку и беа пријатели.

Шоуто на Чарли Кирк почна да се емитува во 12:30 часот по локално време, на онлајн платформата Рамбл (Rumble), која е популарна кај американските конзервативци, пренесува ДПА.

Венс денеска го зема микрофонот за својот паднат пријател и е водител на неговото „Шоу на Чарли Кирк“. Нему гости во поткастот му беа Кален Дор , заменик директор за комуникации во Белата куќа, Тејлор Будович, заменик шеф на кабинет во Белата куќа, како и портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, а најавени се и секретарот за здравство Роберт Кенеди помладиот, новинарот Такер Карсон и други… Сите тие споделуваа епизоди од животот што имаа допирни точки со ангажманот и политичкото делување на убиениот Чарли Кирк

Влијателниот подкастер и поддржувач на Трамп, Кирк, (31), беше застрелан во средата за време на настан на универзитетски кампус во државата Јута, а подоцна почина во болница.

Кирк се сметаше за важен глас на американската десница, потсетува германската агенција. Преку настани, подкасти и појавувања на социјалните медиуми, тој достигна милионска публика, особено кај младата машка популација. Во 2012 година, тој ја основа младинската организација Turning Point USA, која е активна во бројни средни училишта и колеџи.

По атентатот, сопругата на Кирк, Ерика, и неговите соработници, како што е десничарскиот публицист Стив Банон, го користеа досегот и платформите на Кирк за да продолжат да им се обраќаат на неговите поддржувачи. Меѓу другото, тие го опишаа Кирк како „најголемиот христијански маченик во Америка“.

Малку се знае за точните мотиви на осомничениот 22-годишен напаѓач. Меѓутоа, пренесува ДПА, веднаш по нападот, американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини „радикалната левица“, а неговите критичари го обвинија дека дополнително ја влошува веќе загреаната атмосфера во земјата, наместо да заземе помирувачки тон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател
Следна Статија Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ, ДУИ и ВЛЕН во мртва трка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во Израел

Будење со звукот на сирените за воздушен напад, трчајќи кон засолништа, барајќи бегство на интернет. Илјадници туристи во Израел се…

June 15, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Брижит Макрон повторно во центар на скандал: Ги нарече феминистките „глупави кучки“

Француската прва дама Брижит Макрон беше критикувана поради виралното видео во кое ги нарече феминистичките активистки кои го прекинаа настапот…

December 9, 2025
СВЕТ

ЕУ ќе формира нова разузнавачка агенција под водство на Урсула фон дер Лајен

Европската комисија започна со формирање нова разузнавачка агенција под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид да се…

November 11, 2025
СВЕТ

Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?