Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац
СПОРТ

Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Објавено September 16, 2025 08:37
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во 2026 година.

На веб-страницата на УЕФА се појави официјална информација дека Србија нема да биде домаќин на албанските фудбалери во Белград, наведено е дека натпреварот ќе се одигра на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Капацитетот на овој стадион е околу 8.000 места.

Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но потоа Фудбалскиот сојуз на Србија побара да се премести во Лесковац, што и УЕФА го прифати и потврди, како што објавија и Албанците.

„По средбата со Англија во Белград, одлуката за промена на локацијата беше донесена врз основа на детални анализи на сите аспекти поврзани со организацијата на спортски настан со висок ризик како што е претстојниот дуел со Албанија.

Клучната причина е безбедноста. Не само публиката, туку пред сè играчите и сите други актери во играта. Ваквата средба носи највисок степен на ризик и бара целосна контрола со цел да се спречат инциденти како што веќе имавме можност да видиме во дуелите на овие два тима. Сите добро ги паметиме настаните и последиците од Белград во 2014 година“, се вели меѓудругото во соопштението што го објави Фудбалскиот сојуз на Србија.

Овој натпревар ќе се игра на 11 октомври.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аксиос: Израелската армија започна копнена офанзива за освојување на градот Газа
Следна Статија САД и Кина се согласија околу сопственоста на ТикТок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Алкалоид загуби и во реваншот, а го доби и пехарот од Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид претрпеа минимален пораз 29:28 од германскиот тим Хановер во реваншот од квалификациите од Лига Европа. Хановер на…

September 7, 2025
СПОРТ

„Каурски п..ки“, „добро е да се биде Албанец“ извикуваа „Балистите“ во Тетово по победата над Србија

Навреди кон Македонците и Србите од страна на навивачите на Шкендија по синоќешната победа на Албанија над Србија. „Каурски п…ки“,…

October 12, 2025
СПОРТ

(Видео) Инцидент во Евролигата – Брајант го гризна Биберовиќ

Дербито на Истанбул во Евролигата, во салата на Ефес им припадна на кошаркарите на Фенербахче (83:78). Натпреварот го обележа инцидентот…

October 11, 2024
СПОРТ

ПСЖ нуди 250 милиони евра за англиската ѕвезда

Трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен во 2018 година за сума од 222 милиони евра, уште е…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?