Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле
ХРОНИКА

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Објавено September 16, 2025 10:18
Сподели
Сподели

Деца од градинката „13 Ноември“ во Буњаковец, Центар, пред две недели пронашле шприц, а кај родителите постои сомнеж дека некои од нив и се гребнале или боцнале од иглата. Шприцот децата го пронашле и го зеле додека играле во дворот во градинката, притоа го чувале и го давале еден на друг без никој да знае колку време се одвивало сето тоа.

Очигледно, според зборовите на еден родител, станува збор за употребен шприц со игла фрлен или оставен од некој зависник од дрога. Истиот родител за А1он кажа дека едно од децата го имало пронајдено употребениот шприц и го зело дома, скриен во џебот. И од фотографијата на шприцот видливо е дека е употребуван. Вистинска паника настанала кога не се знаело дали имало или немало игла на шприцот и кој се од децата го чепкал шприцот. Подоцна се утврдило дека имало игла на шприцот и дека децата се гребеле со неа и ја скршиле. Тие сеуште немаат одговори и не им е јасно дали некои од децата се гребнати или боцнати од иглата на шприцот или тоа им е од друга активност.

За А1он, родител тврди дека од градинката им било кажано да молчат и да не говорат во јавноста за случајот, и дека ќе го решеле тие случајот. Дел од родителите се револтирани дека не се обрнувало внимание на нивните деца додека се пуштаат надвор во дворот, а дел барале во вечерните часови да се контролира кој се влегува во дворот на градинката и какви активности се одвиваат.

А1он за одговори ја побара и директорката на градинката „13 Ноември“, Ружица Биџовска, но единствениот телефон за контакт е надвор од функција и засега не можевме да ја слушнеме нејзината страна на случката и нејзиното размислување.

Извор: A1on.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски им заблагодари на пожарникарите за херојството во Пинтија: Ќе мора да има одговорност, некој упорно го потпалува градот
Следна Статија ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палевски тврди: Само тројца учествувале во грабнувањето на Панче, а не четворица

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. Во…

May 16, 2025
ХРОНИКА

Пожар во Поликлиника Чаир

На 13.01.2025 во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите…

January 14, 2025
ХРОНИКА

Претепан доставувач на храна во центарот на Скопје – причината банална

На 24.10.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје, М.Г.(37) од Скопје пријавил дека на 22.10.2025 околу 16:30 часот пред станбена…

October 26, 2025
ХРОНИКА

Kривична пријава против градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари – го оштетил буџетот за скоро 4 милиони денари

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?