Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ
ХРОНИКА

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Објавено September 16, 2025 13:39
Сподели
Сподели

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и нејзиниот татко Киро Коцев (68) во Велес, претходно биле поведени повеќе постапки за закани и насилство, соопшти Основното јавно обвинителство.

На 10 април 2025 година, обвинителството поднело Обвинителен предлог за два настана: загрозување на сигурноста (чл. 144 КЗ) од 20 февруари 2025 година, насилство (чл. 386 КЗ) од ноќта меѓу 3 и 4 март 2025 година, кога на партнер на оштетената му била нанесена полесна телесна повреда.

Во рамките на таа постапка било направено психијатриско вештачење. Вештото лице утврдило дека Стефановски не боледува од душевна болест, бил пресметлив во моментот на делата и кај него не е регистрирана патолошка опсесивност кон оштетената.

На 10 септември 2025 година, Основниот суд Велес го огласил за виновен и му изрекол условна казна, со укинување на повеќето мерки на претпазливост. На сила останала само мерката забрана за приближување и контакт со оштетената и нејзиниот партнер, сè до правосилноста на пресудата. Одлуката штотуку пристигнала во обвинителството, кое сè уште немало можност да се произнесе со евентуална жалба.

Во меѓувреме, на 21 мај 2025 година, оштетената поднела нова пријава против осомничениот за неизвршување судска одлука. Таа навела дека, и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство во граѓанска постапка, тој продолжил да ѝ испраќа пораки и фотографии и на 18 мај се приближил до нејзиниот дом, при што го одзел и запалил автомобилот на нејзиниот татко. По оваа пријава, обвинителството ја сослушало оштетената и издало наредби за прибирање докази од телефонска комуникација, како и четири наредби до МВР за обезбедување снимки од видео надзор на различни локации во Велес.

Покрај тоа, на 25 март 2025 година, оштетената го пријавила Стефановски и во ОЈО Скопје за настан од 27 декември 2024 година. Според пријавата, за време на патување во Бугарија и по враќањето во Скопје, тој се обидел да ја задржи во стан и ѝ нанел лесна телесна повреда (чл. 130 КЗ). Истовремено, и осомничениот поднел пријава против оштетената, тврдејќи дека лажно го пријавува за да му изнуди пари.

Иако настанот бил пријавен три месеци по случувањето, ОЈО Скопје прибавило медицинска документација и други докази. Пријавата на Стефановски за лажно пријавување била отфрлена, а постапката по пријавата на Коцева продолжила. На 9 септември 2025 година, таа дала исказ во обвинителството и потврдила дека останува на предлогот за негово гонење.

Вчера беше објавено со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74 годишен татко, а стрителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите
Следна Статија Мицкоски: Постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палчо сакал да оди за Русија, но не за да бега туку да бара редок христијански документ

Љупчо Палевски денеска демантираше дека сакал да бега во Русија па дури и дека имал резервирано авионски билет за Москва.…

April 14, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Вања за обвинетите: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава,…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец почина во пожар во својот дом, неговата сопруга хоспитализирана поради гушење

На 18.12.2024 во 00:51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Децата што се обиделе да силуваат соученик се првачиња, учителката не направила ништо кога тоа ѝ се пожалило

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?