Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Убиецот на Чарли Кирк го призна злосторството на платформата Дискорд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Убиецот на Чарли Кирк го призна злосторството на платформата Дискорд
СВЕТ

Убиецот на Чарли Кирк го призна злосторството на платформата Дискорд

Објавено September 16, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, ја презеде одговорноста за злосторството на платформата за пораки Дискорд (Discord), потврди портпаролот на оваа компанија за Си-Би-ЕС Њуз (CBS News).

Според портпаролот, 22-годишниот Тајлер Робинсон им испратил пораки на пријателите во групен разговор неколку часа пред да биде уапсен минатата недела за пукањето во Кирк за време на настан на Универзитетот Јута Вали (UVU).

„Тоа бев јас вчера на UVU. Жал ми е за сето ова“, се наведува во пораката од профилот за кој се тврди дека му припаѓа на Робинсон, што беше потврдено од портпаролот на компанијата и од полициски извор.

Робинсон, кој сè уште не е формално обвинет, треба денеска да се појави на суд. Тој беше уапсен под сомнение за тешко убиство, незаконска употреба на огнено оружје и попречување на правдата, и се соочува со смртна казна.

Пораките на Дискорд, првично објавени од Вашингтон пост, наводно биле напишани кон крајот на повеќе од еднодневната потрага по убиецот на Кирк.

Кирк (31), контроверзна личност во американската политика и близок сојузник на Доналд Трамп, беше застрелан во вратот додека држел говор на настан организиран од Turning Point USA, организација што тој ја основал.

Убиството на популарниот инфлуенсер предизвика бес и меѓусебни обвинувања од демократите и републиканците за ширење говор на омраза. Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, рече дека Робинсон бил уапсен откако му го признал злосторството на својот татко, кој потоа го убедил да се предаде.

Полициски извори за Си-Би-Ес Њуз изјавија дека Робинсон и неговите пријатели се шегувале за пукањето во групен разговор на Дискорд со повеќе од 20 лица. И покрај ова, портпаролот на платформата рече дека внатрешната истрага „не пронашла докази дека осомничениот го планирал овој инцидент или промовирал насилство на Дискорд“.

Кога пријателите во групата го прашале дали тој е напаѓачот, Робинсон не го негирал тоа, а еден член се пошегувал дека ќе мора да го избегнува МекДоналдс, алудирајќи на местото на апсење на Луиџи Манџоне, убиецот на директорот на голема американска компанија за здравствено осигурување, Брајан Томпсон.

Пораките од неговиот наводен профил, исто така, наговестуваа дека планира да се предаде.

„Се предавам на мојот пријател шериф за неколку моменти, ви благодарам за времето што го поминавме заедно и за смеата, сите бевте толку неверојатни, ви благодарам на сите за сè“, пишуваше во една од пораките.

Гувернерот Кокс рече дека Робинсон не соработува со властите, за разлика од неговиот цимер. Директорот на ФБИ, Кеш Пател, вчера изјави за Фокс њуз дека на телефонот на Робинсон е пронајдена порака во која тој „експлицитно изјавил дека имал можност да го убие Чарли Кирк и дека ќе го стори тоа“.

Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат мотивот.

Кокс претходно рече дека Робинсон бил „длабоко индоктриниран со левичарска идеологија“, но јавните записи покажуваат дека бил регистриран како независен гласач, додека неговите родители се регистрирани републиканци. Меѓутоа, член на семејството им кажал на истражителите дека Робинсон станал „пополитички настроен“ во последниве години и ја споменал претстојната посета на Кирк.

Стивен Милер, еден од највисоките функционери во администрацијата на Доналд Трамп, тврдеше дека зад убиството стои организирана кампања, но засега нема докази за ова. Истражителите ги прегледуваат и профилите на Робинсон на социјалните мрежи.

Кирк, побожен христијанин, беше истакнат застапник на правото на оружје, противник на абортусот и критичар на правата на трансродовите и хомосексуалните права, а промовираше и лажни тврдења за Ковид-19 и војната во Украина.

Неговата организација „Turning Point USA“ имаше за цел да шири конзервативни идеи на американските универзитети. Додека поддржувачите го сметаа за пристапен, критичарите ги нарекоа неговите ставови длабоко навредливи за малцинските групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ни стан, ни пари: Kумановка измамена за 50.000 евра
Следна Статија СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон. Дождот, иако не се очекува…

November 1, 2024
СВЕТ

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Царините планирани од американскиот претседател Доналд Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот, изјави денеска претседателката на Европската централна банка…

April 2, 2025
СВЕТ

Трамп го назначи Ричард Гренел за специјален претседателски пратеник

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе го назначи Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, за претставник…

December 15, 2024
СВЕТ

Украинците ја слават Меланија Трамп: „Агент Трампенко“

Oткако американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го менува својот став кон Русија, Украинците ги преплавија социјалните медиуми со…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?