Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево
ХРОНИКА

Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево

Објавено September 17, 2025 10:16
Сподели
Сподели

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, донесе одлука со која се продолжува притворот за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево, информираат од Кривичен суд Скопје.

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, во врска со пожарот во Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка во неделата на 13 септември побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.

– Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, се вели во соопштението.

Четворицата се осомничени за кривичното дело од чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.

Обвинителство вчера информираше дека денеска треба да почне увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево и дека увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

По наредба на јавниот обвинител, како што беше информирано, екипи на СВР Скопје и вчера излегле на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад. – Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација, информира Обвинителство.

Пожарот избувна во саботата на 13 септември околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад во Трубарево.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вчера попладне информираше дека пожарот е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ГОРЕЛЕ БАТЕРИИТЕ ИМА ЗГОЛЕМЕНО ПРИСУСТВО НА БАКАР И ЦИНК Анализите на Институтот за јавно здравје покажале дека нема други отстапувања по пожарот во Трубарево
Следна Статија Усвоен Законот за енергетска ефикасност: пониски сметки, почист воздух и европски стандарди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Запалиле душеци за да ги извадат федерите во депонија во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Почина проф. др. Александар Ношпал

По кратко боледување почина Проф. Др. Александар Тоде Ношпал, роден на 08 ноември 1945, во Скопје. Ношпал беше дипломиран машински…

April 12, 2025
ХРОНИКА

Се шверцал добиток од Македонија во Албанија

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ – Дебар, спречиле шверц на добиток, кој требало…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?