Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим
ХРОНИКА

Обвинение за Мерко за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Објавено September 17, 2025 15:46
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот во заминување, Рамиз Мерко, за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување, казниво по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од Обвинителството, осомничениот, во временскиот период од 01.04.2021 до 27.06.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн  Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со тоа овозможил на избраната фирма-изведувач да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, иако обвинителството во текот на постапката презеде повеќе дејствија и обезбеди вештачење согласно кое таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката. За изведба на проектот на правно лице од струшкото село Мислодежда му биле исплатени 6.763.722 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на Општина Струга, се вели во соопштението од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум
Следна Статија Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

15-годишник се обидел да силува друго дете во Дом за деца во Центар

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето на Центар во Скопје…

May 23, 2026
ХРОНИКА

Објавени нови снимки од серискиот убиец од Старо Нагоричане: На Тик-ток се снимал секој ден, се фалел со пари наредени на маса

Телма дојде до профилот на осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане, Кумановско, на социјалната мрежа ТикТок, каде тој бил релативно…

February 26, 2026
ХРОНИКА

Нова есхумација: Истрагата за осомничениот од Старо Нагоричане се проширува за уште едно убиство

Истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна…

March 2, 2026
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Случај крави од Крива Паланка: Приведени таткото и ќерките оти попречувале инспектори и полицијаци, а се заканувале и на соселаните

Лишени се од слобода три лица од Кривопаланечко, кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?