Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трагедија: Тинејџерка почина во Сараево по вадење заб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Трагедија: Тинејџерка почина во Сараево по вадење заб
БАЛКАН

Трагедија: Тинејџерка почина во Сараево по вадење заб

Објавено October 15, 2024 23:34
Сподели
Сподели

Шеснаесетгодишно девојче почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) по компликации по операцијата за вадење заб. Трагичната вест за Дневни аваз ја потврдил член на семејството на починатото девојче.
Според достапните информации, девојчето побарало лекарска помош поради проблем со забите.

Откако и го извадиле забот, нејзиното здравје брзо се влошило. Се развил воспалителен процес кој довел до сепса, поради што итно била пренесена во КЦУС.

Обвинителството е веќе известено за случајот и покрената е истрага за утврдување на околностите кои довеле до оваа трагедија.

„Постапуваме по случајот, се вршат проверки, односно се преземаат дејствија со цел да се проверат и да се утврдат сите околности на смртта“, изјави за Кликс Азра Бавчиќ, портпарол на Обвинителството.

Родителите на девојчето кои се во шок и болка бараат правда и одговорност за смртта на нивната ќерка. Вчера е извршена обдукција, а погребот на девојчето ќе биде извршен утре.

Повеќе информации за точната причина и околностите на смртта треба да се знаат подоцна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Четворица повредени во вечерашната сообраќајка во Скопје
Следна Статија Филипче: Мицкоски мора да каже кој е планот за откочување на ЕУ интеграциите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Македонец обвинет во Хрватска за меѓународен шверц на кокаин

Поднесено е обвинение против 31-годишен државјанин на Македонија, осомничен за меѓународен шверц на кокаин. Како што соопшти хрватската Служба за…

May 13, 2025
БАЛКАН

Проекција за изборите во Косово:Никој нема да може самостојно да формира влада

Движењето Самопределување (ВВ) на премиерот Албин Курти ќе освои 42,3 отсто од гласовите на граѓаните кои го искористиле своето избирачко…

February 9, 2025
БАЛКАН

Двојно убиство во БиХ: Маж си ги уби сопругата и 13-годишниот син

Две лица биле убиени вчеравечер во Калесија, општина во Босна и Херцеговина, а сторителот е во бегство. Како што потврди…

February 13, 2025
БАЛКАН

Возило „Брабус“ кое вреди 100.000 евра одземено од гаражата на Радоје Звицер (ФОТО)

Црногорската полиција претресе неколку комплекси и локации во Котор и Тиват во потрага по меѓународно барани лица, како што е…

February 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?