Синоќа започна и сè уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, насочена кон разбивање на организирана криминална група која со години се занимавала со нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, поткуп и други тешки кривични дела против животната средина.
Неофицијалните информации откриваат дека меѓу приведените се актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, повеќе полициски службеници, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на Министерството за земјоделие, како и сопственици на приватни компании. Тие се сомничат дека организирале систематска сеча и транспорт на дрвна маса, која преку коруптивни врски се продавала како легално исечена.
Според информациите, групата функционирала како злосторничко здружение со единствена цел – личен профит на сметка на државата и природните ресурси.