Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска од Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска од Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска од Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари

Објавено September 20, 2025 12:05
Сподели
Сподели

Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават. А нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста, целосно ја демантираат нивната, и така празна, реторика. Тие се целосно разобличени и демаскирани“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека додека Јована Мојсоска и Левица на граѓаните им продаваат евтини приказни дека се чесни, скромни и неподмитливи луѓе, тие зад завесата инкасирале пари од партиската сметка.

Информациите кои пристигнаа до нас од свиркачи од Левица, го покажуваат вистинското лице на Мојсоска, дека едно зборува пред камери и друго прави далеку од очите на јавноста.

Информациите говорат дека Мојсоска на ден 26.04.2024 земала 123.000 денари, а на 03.02.2023 земала 96.862 денари. Додека пак, само годинава во месеците јуни и јули, кога е пратеник во македонското Собрание, земала на 3 пати по 54.000 денари.

И Мојсоска не е изолиран случај, целото раководство на президиумот на Левица си го покажаа вистинското лице и нивното лицемерие, кое пред граѓаните се претставуваа како скромни и луѓе од народот, а зад нив од сопствената партија инкасирале и ставале во џеб пари, налик на патни трошоци“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ја прашуваат Мојсоска и останатите од Левица, зошто посегнуваат по партиските пари.

Нели е повеќе од доволна пратеничката плата? Нели е лицемерно, да од една страна глумите некакви аскети, а од друга страна ја цедите својата политичка партија?

Но, вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најдоброто за Скопје допрва доаѓа: Орце Ѓорѓиевски најави „генералка” во првите 72 часа од мандатот
Следна Статија Мицкоски: Мора да има одговорност за упропастениот град и оставениот хаос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите,…

October 21, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ прашува: Дали Филипче и Заев за Нова година се во Гармиш-Партенкирхен за да гледаат скијачки скокови?

Бидејќи СДС „не знаат“ каде е намесникот Венко Филипче и инсинуираат дека не е во Дубаи, еве да ги прашаме…

December 31, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари за БГНЕС: Уставот мора да се промени, оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје и да започнеме преговори со ЕУ

Оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје за да можеме да го надминеме овој кризен период…

April 18, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност

Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија,…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?