Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
ХРОНИКА

Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес

Објавено September 20, 2025 15:45
Сподели
Сподели

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1, како и продолжено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од преземените предистражни дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, ја демнел последните неколку месеци, се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира и се дружи жртвата, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со тоа кај неа предизвикувал чувство на несигурност, вознемиреност и страв.

На 18 септември, во повеќе наврати во текот на целиот ден, вршел грубо насилство врз жртвата и притоа телесно ја повредил, и тоа еднаш на работното место, а потоа три пати доаѓал во нејзниот стан каде насилно влегувал.

Ценејќи ги сите околности, особено фактот дека осомничениот работи заедно со жртвата, неговата упорност физички да ја напаѓа и малтретира во еден ден, како и фактот дека претходно не му се определени привремени мерки за заштита од семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на неговите насилнички дејствија.

Воедно, поради неговото занимање и важечка документација за премин на државната граница, тој е во можност да се даде во бегство, па до Основниот суд во Велес, надлежниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и ја определи мерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа
Следна Статија Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Поднесено обвинение против зетот на Зоки Фаци: Запалил стан и викендица, предизвикал општа опасност

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против едно…

May 7, 2025
ХРОНИКА

Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница

Бебе старо два месеци без знаци на живот утрово било однесено на Детското одделение во струшката болница, потврди за МИА…

May 28, 2025
ХРОНИКА

Одреден 30-дневен притвор на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на актуелниот директор на Државниот инспекторат за…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?