Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава
СВЕТ

Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава

Објавено September 21, 2025 09:15
Сподели
Сподели

Велика Британија денескa ќе ја признае палестинската држава и покрај притисокот од САД и семејствата на заложниците што ги држи Хамас. Британскиот премиер, Кир Стармер, во јули објави дека Велика Британија ќе ја признае Палестина во септември доколку ситуацијата во Газа не се подобри.

Би-Би-Си објави дека Стармер и министрите од британската влада заклучиле дека ситуацијата на терен се влошила во последните недели и дека ќе го објават признавањето на Палестина во недела попладне.

Признавањето на Палестина е голема промена во британската надворешна политика откако неколку претходни влади тврдеа дека признавањето треба да дојде како дел од сеопфатен мировен договор.

Овој потег предизвика остри критики од израелската влада, семејствата на заложниците и некои конзервативци. Израелскиот Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека таквата одлука „го наградува теророт“.

Најавеното признавање беше критикувано и од водечките американски политичари, кои предупредија дека тоа ќе го зајакне Хамас и ќе ја загрози безбедноста на Израел.

Како што претходно најави португалското Министерство за надворешни работи, и Португалија денес официјално ќе ја признае палестинската држава.

Се очекува уште десет земји да го следат примерот на Португалија на Генералното собрание на ОН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денес се празнува празникот посветен на раѓањето на Пресвета Богородица: Заштитничка на жените, се верува дека помага на тие што немаат деца
Следна Статија Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бил Гејтс открива три клучни опасности од вештачката интелигенција – последната е особено алармантна

Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, го привлекува вниманието на трите главни ризици поврзани со сè побрзиот развој на вештачката интелигенција,…

December 20, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Се распадна ракетата на Маск по 10 минути од лансирањето, остатоците правеа проблеми во воздушниот сообраќај

Седмиот тест лет на Старшип, проект на компанијата СпејксИкс, заврши неуспешно, со губење на леталото по серијата на технички потешкотии.…

January 17, 2025
СВЕТ

Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на…

January 8, 2025
СВЕТ

Украина: Соборивме моќен руски Су-34

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?