Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“
СВЕТ

Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“

Објавено September 21, 2025 10:31
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Авганистан дека ако не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на американската војска, „ќе се случат лоши работи“.

– Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија – Соединетите Американски Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Републиканскиот претседател во четвртокот изјави дека Вашингтон се обидува да ја врати базата, која ја користеа американските сили по нападите на 11 септември 2001 година. Вчера, Трамп им рече на новинарите дека разговарал со авганистанските претставници за ова прашање.

Американската војска се повлече од Авганистан во 2021 година, по што Баграм беше преземен од Талибанците.

Авганистанските претставници се спротивставија на можното обновување на американското воено присуство во земјата. „Авганистан и САД треба да работат заедно… без САД да одржуваат какво било воено присуство во кој било дел од Авганистан“, напиша Закир Џалал, функционер на Министерството за надворешни работи во Кабул, на социјалната мрежа „Х“ во четвртокот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Миовски го постигна првиот гол во дресот на Глазгов ренџерс (ВИДЕО)
Следна Статија Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Анкета: Харис има 50 отсто поддршка од гласачите, два поени повеќе од Трамп

Меѓу веројатните гласачи на претстојните избори во САД во ноември, демократката Камала Харис води со 50 отсто од гласовите, наспроти…

October 13, 2024
СВЕТ

(Видео) Трамп: Значително ќе ги намалиме царините за Кина, но тие нема да одат на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските…

April 23, 2025
СВЕТ

Би-Би-Си ќе му се спротивстави на Трамп, нема основа за тужба за клевета

Британската Би-Би-Си ќе се спротивстави на каква било правна постапка што ќе ја покрене Доналд Трамп против неа, им изјави…

November 17, 2025
СВЕТ

Сијарто: Унгарците јасно ставија до знаење дека не сакаат да имаат никаква врска со нелегалната миграција

Унгарците јасно ставија до знаење дека не сакаат да имаат никаква врска со нелегалната миграција и дека никој друг не…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?