Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 100.000 посетители на концертот на Дино Мерлин во Штип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Над 100.000 посетители на концертот на Дино Мерлин во Штип
ЗАБАВА

Над 100.000 посетители на концертот на Дино Мерлин во Штип

Објавено September 21, 2025 13:08
Сподели
Сподели

Синоќа Штип беше центарот на регионот и вистински главен град на културата и забавата. Над 100.000 посетители од цела Македонија и пошироко присуствуваа на незаборавниот концерт на балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, кој со својот настап ја обедини публиката во љубов, почит и заедништво, без разлика на вера или нација, велат од Општина Штип.

Настанот, кој се одржа по повод 17. издание на традиционалната “Пастрмалијада”, беше организиран на највисоко ниво, со беспрекорна логистика, безбедност и организација, што овозможи вечерта да помине во совршен ред и атмосфера.

Фото:Општина Штип

„Особено значење има и фактот што во реализацијата активно се вклучија бројни фирми од приватниот сектор, угостителите од Штип, како и партнерски угостители од други градови во Македонија, кои со својата поддршка придонесоа за овој настан да биде успешен и запаметен. Присуството и настапот на Дино Мерлин претставуваат посебна чест за нашиот град. Со својата уникатна музичка енергија и децениска кариера, тој одамна ја надмина рамката на изведувач и стана симбол на културно поврзување меѓу генерации и народи. Неговото присуство во Штип е доказ дека градот може да биде домаќин на настани од највисок ранг, кои носат нова вредност и препознатливост на целата држава“, велат од Општина Штип.

Фото: Општина Штип

Ваквите манифестации претставуваат значајна придобивка за Штип, не само во културна и забавна смисла, туку и од аспект на економскиот импакт, преку големиот број гости, зголемената угостителска активност и промоцијата на градот како отворен и модерен центар на случувања.

 Фото: Општина Штип

„Општина Штип изразува искрена благодарност до сите посетители, до поддржувачите и до сите што беа дел од организацијата, а особено до Дино Мерлин, кој со својот настап направи Штип да биде главниот центар на Балканот и испиша историја во колективното паметење на нашиот град“, стои во соопштението на Општина Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе има мерки за цените на прехранбените производи
Следна Статија Уапсен жител на Кондово – запалил возило на свој сограѓанин (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Го смени презимето и стана милионерка: Која е жената во ложата на Ѓоковиќ

Ребека Мекдоналд, една од најуспешните и најбогатите жени од српско потекло во светот, чие богатство се проценува на околу две…

July 10, 2025
ЗАБАВА

Леонардо ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден, на забавата цела холивудска елита (ФОТО)

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден. Во оваа прилика тој одржа голема забава во својата приватна…

November 12, 2024
ЗАБАВА

(Видео) Марко (69) и Соња (57) го чекаат своето прво дете: „Кој верува во чуда, создава чуда“

Марко (69) и Соња (57) Миротиќ од Црна Гора го чекаат своето прво дете. Бебето треба да се роди во…

February 18, 2025
ЗАБАВА

Македонија претпоследна на Детска Евровизија, победник е Грузија!

Вечерва во Мадрид се одржа 22-то издание на музичката манифестација Детска Евровизија. Учествуваа 17 земји, а Македонија заврши на претпоследното,…

November 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?