Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании
ЕКОНОМИЈА

Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании

Објавено September 21, 2025 13:23
Сподели
Сподели

Зголемувањето на минималната плата не придонесува за затворање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој и отворање на нови компании – покажува анализата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Истражувањето, спроведено врз основа на податоци од Централниот регистар, според ССМ, ги демантира тврдењата дека растот на платите води до колапс на компаниите и губење на работни места.

„Газдите ја лажат Владата и јавноста кога тврдат дека ќе се затворат фирмите ако се зголемат платите, а затоа што не му веруваа на ССМ кога јасно и гласно го зборуваше тоа, податоците и фактите од Централниот регистар тоа јасно го потврдуваат и покажуваат дека:
• Во 2022 година, кога минималната плата ( за потсетување, преку протести и штрајкови) ја зголемивме од 15.194 на 18.000 денари, имаше 7.062 новоосновани фирми, а избришани или затворени 5.694.
• Во 2023 година, со зголемување на минималната плата од 18.000 на 20.175 денари, бројот на новоосновани фирми остана 7.062, а избришаните се намалија на 3.372.
• Во 2024 година, со растот на минималната плата од 20.175 на 22.567 денари, имало 6.627 нови фирми, а само 2.891 затворени“, пишуваат од ССМ.

Овие бројки, според синдикатите, јасно докажуваат дека секое зголемување на минималната плата е придобивка, а не закана за економијата и ги побиваат ставовите на газдите и на одредени експерти кои беа прилично гласни на ова поле за да спречат раст на платите.

„Ова е причина повеќе да не се сопре процесот за зголемување на платите, вклучително и зголемување на минималната плата, ова е уште еден силен аргумент за континуиран раст – не само на минималната плата, туку и на сите останати плати!
Работниците не смеат да живеат со минимални примања и да имаат најниски плати во регионот, а Владата е должна да ја поддржи потребата од раст на платите, праведната распределба на профитот и да застане на страната на достоинствениот труд на работниците“, велат од Сојузот на синдикати.

Во соопштението, ССМ испраќа порака и до работодавачите и до Владата: до компаниите – да обезбедат достоинствени плати на работниците; до Владата – да застане зад работниците и да обезбеди зголемување на минималната плата и системски раст на платите за сите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точни, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски
Следна Статија Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Федералните резерви ја намалија каматната стапка, но иднината е неизвесна

Централната банка на САД го намали каматниот процент по трет пат годинава, но изгледите за натамошно намалување остануваат нејасни.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република…

January 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кој ги пумпа цените: Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно,…

January 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поевтини горива

Од полноќ горивата ќе бидат со нова цена: Дизелот се намалува од 74,5 денари на 73 денари. Бензинот 95 се…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?