Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седумгодишно девојче почина во тетовската болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Седумгодишно девојче почина во тетовската болница
ХРОНИКА

Седумгодишно девојче почина во тетовската болница

Објавено September 22, 2025 11:38
Сподели
Сподели

Почина девојче на седум години кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат денес од тетовската јавна здравствена установа. Девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20:40 часот, а почина во неделата.

Пациентката беше примена на Одделението за педијатрија на датум 20.09.2025 во 20:40 часот навечер, и веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки, информираат од Клиничка болница.

Со цел понатамошен третман, била побарана помош од Одделението за оториноларингологија (ОРЛ) за дополнителна интервенција.

Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина, соопштуваат од Клиничка болница Тетово.

Со цел целосна транспарентност и расветлување на причините за смртта, болницата побарала извршување на судско-медицинска обдукција.

Сепак, до овој момент, семејството на пациентката го изрази своето противење за спроведување на обдукцијата. Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки и трагични моменти, се вели во соопштението на Клиничка болница Тетово.

Од Болницата велат дека се подготвени за соработка со надлежните институции за секое дополнително појаснување поврзано со овој случај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Раст од над 3 проценти на БДП, забрзување на градежништвото, раст на туризмот и земјоделството се добра препорака за странските директни инвестиции
Следна Статија Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Млад скопјанец пронајден починат во стан во Карпош

Млад маж од Скопје пронајден починат во стан во скопски Карпош. На 23.06.2025 во 21.25 часот во СВР Скопје било…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Силувана 77 жена од радовишко

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Приведен возачот кој усмрти велосипедист во Скопје и побегна

Приведен е возачот кој денеска удри велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и кој по несреќата го напушти местото…

November 3, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Фросина револтиран: Како може иста судијка да ги суди предметот на Васо и предметот на татко му

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор го коментираше денешното одложено рочиште од судењето против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?