Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Велибор ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше екс началникот на СВР Велес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Велибор ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше екс началникот на СВР Велес
ХРОНИКА

„Велибор ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше екс началникот на СВР Велес

Објавено October 16, 2024 16:10
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, сведочеше поранешниот началник на СВР Велес Ристе Самарџиев. Тој рече дека имал единствено комуникација со Велибор Манев, кој им покажал каде било закопано телото на Панче Жежовски. Претходно Самарџиев забележал дека возилото на Панче е излезено од Велес, но не ни претпоставувал дека тој е убиен.

-По пријателска врска со А1 операторот, така го пронајдовме телефонот, неофицијално дознавме како зрачи телефонот. Потоа баравме и листинзи. Тоа го направивме за побрзо пронаоѓање на лица. И ќерката на Панче имаше пристап до „Гугл“ акаунтот на Панче. Телефонот беше активен, но никој не одговараше. Го имавме бројот и гледавме каде зрачи телефонот, гледавме дека е во близина на бензинската пумпа Макпетрол. Испративме телеграма до сите СВР ако е најдено возилото или лицето да биде запрено и да бидеме известени. Баравме камери од патишта, патарини, објекти… Проверивме и дали ја напуштил државата. Телефонот беше пронајден во дол, во капини од две-три метри. По два дена го пронајдовме телефонот на Панче, во меѓувреме заврна и снег. Мораше да интервенира и општински работници за да исчистат. Ние ги користиме пријателските врски за побрза постапка“, рече Самарџиев.

Велибор Манев ни го посочи местото, прво ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања и каде е закопана, а потоа и местото каде е закопано телото на Панче, сведочеше Самарџиев.

На патарините има 6 камери, 6 инспектори гледавме, на 21-ви се појавува возилото на бензинската пумпа Лукоил, на бензинската пумпа Макпетрол не го гледаме. Отидовме лично да видиме во „Сејф сити“ и тогаш првпат гледам дека возилото е излезено од Велес. Тоа е стар систем и не се гледа најдобро. Ние во тој момент мислевме дека е жив човекот. Подоцна во скопскиот регион го најдовме возилото запалено, и сигурни бевме дека лицето е убиено. Во хотел Романтик одземавме снимки и таму се гледаат како се движат две возила. Јас единствено имав контакт со Велибор Манев. Тој нѝ го посочи местото. Прво ни кажа дека тие се виновници за убиството на Вања и местото каде е закопана Вања. Потоа нѝ го покажа местото каде е закопано телото на Панче. Тој ни кажуваше каде да се движиме. Дупката ако не ви ја посочи некој, нема шанси да ја најдете. Ни откри дека Палчо пукал. Викнавме пожарна кои ни помогнаа да го извадиме телото. Дупката беше голема 2-3 метри, изјави Самарџиев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации
Следна Статија Николоски: Имаме јасна позиција, нема уставни измени под бугарски диктат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

За долг од 20 илјади денари го грабнал и присилно го држел во својот дом

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 56…

February 9, 2025
ХРОНИКА

Еден работник загина, а тројца се тешко повредени на градилиште во Кисела Вода

Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина…

April 24, 2026
ХРОНИКА

МВР: Лица на 35 и 56 години се загинатите во тешката сообраќајка вчера на патот Градско – Прилеп

На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила…

November 5, 2025
ХРОНИКА

Осум дена притвор за 43-годишниот родител кој нападна две деца од „Брегалница“ на фудбалскиот меч со „Шкупи“

Осум дена притвор доби 43-годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?