Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Чарли Шин: Користев толку дрога што и мексиканскиот картел ми кажа доста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (Видео) Чарли Шин: Користев толку дрога што и мексиканскиот картел ми кажа доста
ЗАБАВА

(Видео) Чарли Шин: Користев толку дрога што и мексиканскиот картел ми кажа доста

Објавено September 23, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Чарли Шин (60), некогаш најплатениот актер на американската телевизија, се врати во центарот на вниманието по шокантното интервју за австралиската емисија „60 минути“. Таму, додека ја промовираше својата автобиографија „Книгата за Шин“ и документарецот на Нетфликс, тој отворено зборуваше за најтемните моменти од своето минато.

Шин откри дека во времето кога неговата зависност била на врвот, дури и останал без дрога бидејќи мексиканскиот картел престанал да го снабдува.

„Никогаш не виделе некој да зема толку многу. Мислеа дека препродавам на страна, па едноставно ме исклучија“, рече актерот, изненадувајќи ја дури и новинарката Амелија Адамс.

За време на интервјуто, тој се осврна и на гласините дека испушил седум грама крек кокаин за една ноќ. „Не го измеривме точно, но да, толку беше подготвено. Во еден момент реков: „Ќе ни треба поголемо луле“. Сега ми е смешно, но во исто време знам дека имав среќа што останав жив“, призна Шин.

Да потсетиме, Шин со години беше ѕвезда во хит серијата „Два и пол мажи“, за која заработуваше дури 1,8 милиони долари по епизода.

Сепак, по низа јавни испади и судири со продуцентот Чак Лори, тој беше отпуштен од серијата во 2011 година. Денес тој признава дека се кае за тоа. „Беше период на премногу лични проблеми – развод по развод, борба против зависноста, а во исто време се обидував да бидам присутен татко на моите деца. Не знаев како да се справам со сè“, рече Шин, кој има четири деца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
Следна Статија „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска – прв македонски филм во каталогот на National Geographic, во трка за двоен „Оскар“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Аплицирала за работа, но добила одговор по 48 години

Жена која со децении се прашувала зошто никогаш не добила одговор на нејзината апликација за работа од соништата конечно откри…

October 7, 2024
ЗАБАВА

Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад

Судењето на француската филмска ѕвезда Жерар Депардје, по обвиненијата за сексуален напад, треба да почне денеска во Кривичниот суд во…

March 24, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Деца од 10 и 12 години возеле луксузно БМВ на пат во Романија, па се снимале

Снимка од 10-годишно момче кое вози БМВ на пат во Романија го привлече вниманието на властите, кои покренаа истрага. Полицијата…

October 31, 2024
ЗАБАВА

Сопругата починала една недела пред актерот: Познати причините за смртта на Џин Хекман и Бетси

Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажа истрагата…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?