Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за пресудата за случајот „Онкологија“: Со вакви одлуки судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми

Објавено September 23, 2025 12:31
Сподели
Сподели

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на условната казна за докторката која призна злоупотреба на Клиниката за онкологија, изјави дека со такви одлуки, судиите и обвинителите не си ги заслужуваат платите, а бараат уште поголеми.

Па знаете, моите ставови за Обвинителството и Судството се многу пати кажани, многу пати разговарани и секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во процесот на испорака на законите, коишто значат реформи во Судството и Обвинителството, во суштина сакам јавноста да знае дека станува збор за 6 закони каде што основната суштина е зголемување на буџетот од којшто директно ќе имплицира зголемување на платите на обвинителите и судиите коишто имаат рејтинг од 2%, а се бара зголемување на платите за судиите, односно буџетот нивен којшто би бил сега 0,8% од БДП, а за обвинителите 0,5% од БДП и секогаш чувствувам некаква мачнина, бидејќи тие и овие сега плати што ги зимаат не ги заслужуваат, имајќи предвид вакви судски одлуки за која што вие сега зборувате“, рече Мицкоски.

Така што, додаде тој, сакам граѓаните да знаат дека, сите оние експерти, така наречени, кога излегуваат во јавност и кога ја критикуваат Владата за застој во реформите во Обвинителството и Судството, ова е суштинската реформа.

„Како да се зголеми буџетот на судовите до 0,8% од БДП, а на обвинителите од 0,5% од БДП, што е да речеме 2 до 3 пати повеќе од некои земји членки на Европската Унија. Не е проблем ние ќе ги зголемиме и три пати, ама да ги заслужат. Јас имам дилема, дали и овие плати тие ги заслужуваат, коишто сега ги земаат. Така што еве, тоа е на кратко мојот коментар“, рече Мицкоски.

Основниот кривичен суд Скопје вчера изрече двегодишна условна казна без забрана за вршење на дејност за второобвинетата во случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска, доколку во рок од пет години таа не стори ново дело. Пред две судски рочишта Пешевска го призна делото кое што ѝ се става на товар за несовесно лекување болни, по што кривичната постапка против неа беше раздвоена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица
Следна Статија Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по повод Прочка: Вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме со чисто срце

Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите…

March 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по повод Денот на полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција

Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Белград бесплатен јавен превоз, во Скопје никаков

Главниот град на соседна Србија за помалку од две недели ќе добие бесплатен јавен превоз. Скопје „е далеку“ од Белград,…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните попладне ќе добијат СМС порака, еве за што се работи

Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?