Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметно урбано Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметно урбано Скопје
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметно урбано Скопје

Објавено September 25, 2025 14:30
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Прес24 вели дека јвниот превоз во Скопје мора да се издигне на нивото на модерен систем, како во големите метрополи.

-Да биде ефикасен, интегриран и достапен за сите. Мојот пристап е практичен, бидејќи нуди воспоставување на поврзан систем кој ќе ги обедини градските и приватните автобуси, брзите автобуски линии, градскиот воз во соработка со Владата, односно Министерството за транспорт и врски, велосипедските мрежи и пешачките коридори во една дигитално координирана платформа. Со тоа Скопје ќе добие превоз по европски стандарди, точен, брз, еколошки и достапен за секој граѓанин. Клучен дел од оваа трансформација е целосната обнова на возниот парк, новите сообраќајни решенија и удвојувањето на бројот на велоспиедските патеки, што ќе ја намали зависноста од автомобилите, ќе го растовари метежот на улиците и ќе ја претвори нашата метропола во поуреден, поеколошки и поквалитетен град за живеење, смета Ѓорѓиевски.

Тој посочува дека сообраќајот во главниот град ќе го решаваат системски, а не парцијално. Клучна насока ќе биде растеретување на метежот преку довршување на започнатите булевари и изградба на нови, пробивање на улици, изградба на нови кружни текови, мостови и катни гаражи кои се дел од решенијата за сообраќајот во мирување.

Во однос на сообраќајот и централното градско подрачје, Ѓорѓиевски има план за постепено намалување на сообраќајот во центарот, се до негово потполно згаснување.

-Како пилот-проект, ќе воведеме викенди без автомобили во “Малиот Ринг”, за да му го вратиме просторот на граѓаните и да ја намалиме загаденоста. Целта е во иднина центарот да стане зона со “нула автомобили”, како што е случај во современите европски метрополи, на пример, во Љубљана, вели Ѓорѓиевски.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Радарот на Скопскиот аеродром е целосно функционален, за само три дена решивме проблем кој траел 30 години
Следна Статија Жена прегазена во Кисела Вода, пренесена на Клинички

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Перински: Досега до мене не стигнало известување дека градоначалникот на Карпош си поднел оставка

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница, рече дека не гледа ништо спорно…

May 28, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нова бомба на АКТ: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон” и уште една фирма блиска до ВМРО

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) денеска обвини дека фирми за кои тврди дека се блиски до ВМРО-ДПМНЕ добиле над два…

July 15, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

„СДСМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство поради постоење на сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување…

April 16, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, а бадентерот е уставна категорија, посочи Лефков

На новинарско прашање – како ги коментирате критиките од опозициските партии на албанците за укинувањето на балансерот, дека тоа било…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?