Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ливерпул му го исплатил целиот договор на семејството на Жота
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ливерпул му го исплатил целиот договор на семејството на Жота
СПОРТ

Ливерпул му го исплатил целиот договор на семејството на Жота

Објавено September 26, 2025 09:02
Сподели
Сподели

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека сопствениците на клубот, „Фенвеј Спортс Груп“, целосно го исплатиле остатокот од договорот на семејството на Диого Жота по неговата трагична смрт на почетокот на јули. Португалскиот напаѓач загина во сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со својот брат Андре Силва.

Во времето на неговата смрт, Жота имаше уште две години од договорот со Ливерпул. Слот сега го потврди чинот на великодушност, откривајќи дека „ФСГ“ го исплатил целиот договор за да му помогне финансиски на семејството на починатиот играч.

„Реков колку сум горд на реакцијата на навивачите, но сопствениците… Сопствениците се најмногу критикувани, како и менаџерите, но начинот на кој се справија со оваа ситуација, плаќајќи им ги сите пари од договорот на неговата сопруга и деца… Можеби луѓето мислат дека е нормално, но не е во фудбалот“, нагласи тренерот на Ливерпул.

Претседателот на клубот, Том Вернер, неодамна зборуваше и за мерките што ги презеде клубот за поддршка на вдовицата на Жота, Руте Кардосо. „Тој беше извонредна личност. Беше сакан, не затоа што беше одличен стрелец. Беше сакан затоа што беше навистина љубезен“, рече Вернер.

„Секогаш е трагедија кога некој ќе почине пред време. Но, неговата смрт навистина ги погоди сите затоа што беше толку сакан. Веднаш ни беше важно да се обратиме до неговата вдовица и да се осигураме дека таа разбира дека сме семејство. Тоа е клише, но навистина се сметаме за семејство и сакавме да се осигураме дека таа е финансиски добро згрижена, како и нејзините деца“, додаде тој

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Нов пожар го труе Скопје: Пламна депонијата кај Арачиново – ДЗС вели дека пожарот е подметнат
Следна Статија Николоски за предлог резолуцијата на СДСМ: Сакаат да ги „исперат гревовите“ кои ги направија со бугарскиот диктат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ел Менчо“ ќе ги одложи баражите за СП

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) размислува за одложување на интерконтиненталните плејоф натпревари за Светското првенство во 2026 година закажани во Мексико…

February 24, 2026
СПОРТ

(Видео) Дончиќ и Леброн го решија Хјустон

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Хјустон Рокетс со резултат 104:98 во дербито на Западната конференција на НБА Лука…

April 1, 2025
СПОРТ

Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0

Со играч помалку, но со гол повеќе, младинската фудбалска репрезентација на Италија ги совлада врсниците од Македонија со 1:0. Натпреварот…

September 10, 2025
СПОРТ

Кремонезе со спектакуларниот гол на Бонацоли го шокира Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Кремонезе направија големо изненадување на стартот на сезоната во Серија А. Кремонезе на Сан Сиро со 2:1 го…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?