Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: И ова раководство на СДСМ продолжува да ги руши позициите, да ги распродава идентитетските и националните приоритети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: И ова раководство на СДСМ продолжува да ги руши позициите, да ги распродава идентитетските и националните приоритети
ПОЛИТИКА

Мицкоски: И ова раководство на СДСМ продолжува да ги руши позициите, да ги распродава идентитетските и националните приоритети

Објавено September 26, 2025 16:51
Сподели
Сподели

„Вчера дадов еден краток коментар, денес бидејќи ме прашувате ќе дадам одговор на вашето прашање и ќе го поделам одговорот во два дела,“ изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговиот став во однос на Резолуцијата и на решението да се донесат уставни измени до февруари поднесена од страна на претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче.

„Првиот дел е дека, за жал и ова раководство на СДСМ ја продолжува практиката на претходните раководства на СДСМ да ги руши позициите на македонската Влада и на државата, да ги распродава идентитетските и националните приоритети, од за мене неразбирливи причини. Ако на времето тоа го правеа за да се одржат на власт, за да можат да ги злоупотребуваат институциите и ресурсите на државата, не го оправдував се разбира за тоа има одговорност, но и некако ги разбирав. Сега не ги разбирам од опозиција зошто мора да ги подриваат позициите на Владата којашто грчевито се бори тоа што тие го распродадоа, изминатите 7 години кога беа во влада, да го поправи. И на меѓународен и на домашен план,“ истакна Мицкоски и додаде:

„Второ, Резолуцијата, таканаречена, којашто ја видов и текстот внатре ќе се разгледува после изборите, така го разбрав раководството на СДСМ. Трето, таму има историски фалсификати. Во годината кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, тие не убедуваат во Резолуцијата дека тој во Обединетите нации бил прифатен во 19-тата година, мислам, не знам што да кажам. И вчера го кажав фактот дека во 2005-тата година, не доби Северна Македонија дата за почеток на преговори, туку доби Република Македонија. Тоа се историски фалсификати, јас не знам до кога овие луѓе ќе се служат со историски фалсификати“.

„И конечно, нашата позиција е јасна. Ние не ги игнорираме обврските што таа влада ги прифатила, за жал. Но, исто така, не гледаме дека нашиот источен сосед прави нешто во насока на испорака на нивните обврски и очекуваме исто така, поробусна акција од страна на Европската комисија и Европската Унија и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамките на европското семејство. Затоа што сме виделе во минатото многу пати дека кога се сакало, се можело. Ние имаме јасна позиција – гаранции, коишто ги спомена претседателот на Европскиот совет, бидејќи македонскиот народ и граѓаните во Македонија без разлика на етничката припадност, многу дадоа во името на таа европска иднина на државата, многу дадоа, како ниеден друг народ во Европа. Сакате да тргнеме од 18-ти, 19-ти век па наваму да анализираме. Сега веќе да не зборуваме, последниов. Без такви гаранции, на памет не ми паѓа да размислувам за било какви уставни измени,“ истакна премиерот Мицкоски.

Тој е дециден дека никогаш нема да се откаже од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот.

„Второ, што со Македонците од другата страна на таа граница? Што со нив? Ќе се откажуваме ли секогаш како влади од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот? Тоа јас нема да го направам. Никогаш. А треба само едноставно да се применат пресудите од Стразбур, ништо повеќе не треба да прават. Тоа е меѓународно право, Бугарија е потписник на тие конвенции. Само треба да го применат она коешто го донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур, којшто е европска темелна вредност. Да може ОМО Илинден – Пирин да функционира како здружение на Македонците во Бугарија. И со тоа ќе се стекне ОМО Илинден – Пирин со право да претстави свој човек во Министерскиот совет за малцинства во Бугарија, како што имаат Евреите, Ерменците, Турците, Ромите итн. Заслужиле Македонците коишто, според пописот во 56-та година биле мнозинство во Западна Бугарија, а во 65-та магично 200 илјади исчезнуваат, во следниот попис да имаат свој претставник тамо. И јасно држење до Резолуцијата од јули 2022-та година којашто ја гласаше Парламентот заеднички со 95 гласа. Ништо друго не бараме. Ова е тоа што го бараме. Ова се се факти. Кога ќе видиме подготвеност од другата страна, и ние сме подготвени да седнеме и да разговараме. А за оваа Резолуција, тоа малку што имаме да го кажеме ќе го кажеме после изборите,“ рече Мицкоски.

На новинарското прашање дали ги прифаќа црвените линии на Филипче тој одговори дека не прифатиле негови црвени линии, прифаќа македонски црвени линии: „не би го коментирал тоа, можеме да растураме пердуви колку сакаме, ниту сме прифатиле црвени линии негови, јас прифаќам македонски црвени линии“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс-Градоначалник со милионски суми како адвокат
Следна Статија ВМРО ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД за криминал и корупција, не може да ја води општина Карпош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

2500 денари за скопските пензионери со ниски примања, Поддршка за лицата со попреченост и за нивните семејства

Пензионерите од Скопје кои имаат ниски примања ќе добиваат по 2.500 денари, најави денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО е таблоидна партија, fake news

Обвинувањата од ВМРО веќе на сите им се смешни, тие обвинувања од ВМРО се викаат лажна вест, fake news, измислена…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил информации дека во Уставиот суд била отпочната постапката за укинување на линеарното покачување…

November 28, 2025
ПОЛИТИКА

Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори

Иницијативите Шанса за Центар, Независни За Карпош - За Заштита На Карпош, Зелените Од Гази Баба, граѓански активисти од повеќе…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?