Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриевски: Убеден сум дека ЗНАМ ќе победи уште во првиот круг на овие избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Димитриевски: Убеден сум дека ЗНАМ ќе победи уште во првиот круг на овие избори
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Убеден сум дека ЗНАМ ќе победи уште во првиот круг на овие избори

Објавено September 27, 2025 09:31
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија синоќа во Скопје одржа промотивна конвенција, на која ги претстави кандидатите за градоначалници и листите на советници. На конвенцијата беа претставени кандидатите за градоначалници за Општина Куманово – Максим Димитриевски и за Општината Центар – Мирослав Лабудовиќ, како и кандидатурите со советнички листи во 53 општини во целата држава.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски нагласи дека е убеден оти неговата партија ќе победи уште во првиот круг на овие избори, затоа што, како што рече, знае многу добро што им треба на неговите кумановчани и каков градоначалник сакаат да ја води нивната и наша општина. Потенцира дека ЗНАМ влегува во изборен процес не да се натпреварува, туку да победува.

-Во 53 општини на овие избори ќе имаме свои претставници. Ние сме нова и млада политичка партија која созрева од ден на ден и нашето време допрва доаѓа. ЗНАМ делува со агенда, план и концепт. На врвот на нашата агенда е просперитетна, подобра и посилна Македонија. Јас во изминатите осум години покажав што значи да се засукаат ракавите и како треба да се води едно општина, најголемата општина во Македонија и тоа исклучиво за доброто на граѓаните. Куманово за осум години е променето и јас сум убеден дека Куманово ќе продолжи да се менува и тоа интензивно со помош на граѓаните и локалната и централната власт во следните четири години. Успеавме од една општина која што беше најголем загубар, да стане финансиски најстабилна во државата. Ако во минатото се мачевме реконструираме улички, денеска реализираме капитални проекти. Во изминатите години реализиравме повеќе од 800 проекти за нашето Куманово, рече тој.

Во однос на предлог резолуција со црвени линии од СДСМ, Димитриевски посочи дека кога тие биле на власт ги распродавале националните интереси на државата.

-На СДСМ пред избори им текна да предложат резолуција со црвени линии. Демек ќе ги штитат интересите на државата. Сега им текна на македонските црвени линии, а кога беа на власт ги распродаваа нашите национални интереси. ЗНАМ уште минатата година промовираше својата Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални и црвени линии. Не знам дали сега решиле да препишуваат наши идеи, но знам дека ова е очајнички. При тоа кога им ја испративме нашата национална платформа до нив, ни ја вратија неотпакувана во коверт. Дури не најдоа за сходно да ја читаат. ЗНАМ како државотворна партија секогаш ќе ги штити националните интереси на Македонија. На Филипче можам да му порачувам само едно „злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторот“. Сето она што беше презентирано од нивна страна до денеска ми наликува дека е напишано во Софија, а не во Скопје. Но како и да е, нека продолжат нека поработат, нека се извинат, нека излезат пред лицето на македонскиот народ, тој секогаш знаел да прости и ќе продолжиме да разговараме за нашите национални интереси со текстови кои што се издржани и кои не штитат а не продаваат, потенцира лидер на ЗНАМ.

Во врска со изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека евентуалното скршнување од патот кон Европската Унија ќе предизвика граѓаните да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а други со Бугарија, Димитриевски нагласи дека се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија и оти никој нема да побегне од државата.

-Деновиве предизборно повторно се јави уште еден политички лик кој нанесе голема штета на Македонија, на сите граѓани, а особено на Албанците им го врти умот со надолни патриотски и национални политики. Го слушам Ахмети како се расфрла со приказни за мали деца, за некакви поделби на Македонија – дека едниот дел од Куманово ќе одел во Албанија, а другиот во Бугарија. Ах, бе Ахмети, се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија, а Македонија е тука каде што сме ние. Никој нема намера да побегне од Македонија. Единствено кои што побегна од Македонија е тимот околу Ахмети, кој што со граѓански пари се крие во белиот свет и доколку сака да биде искрен и реален треба тој да побегне од Зајас и од надвор да си ги прибере, да ги врати назад, да седнат на клупа, да одговараат, пресумпцијата на невиност ги штити доколку се невини, да се соочат со правдата, да го погледнат народот во очи и да се извинат на сите, бидејќи крадеа пари и на Албанци, и на Македонци, и на Власи, и на Турци…, рече Димитриевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во кои европски градови е најскапо изнајмувањето недвижности? Првиот на листата е поскап и од Париз и Лондон
Следна Статија Лукашенко: Путин има предлог за прекин на војната, Трамп го поддржува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки,…

January 11, 2026
ПОЛИТИКА

Божиновска: Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка, тоа никој не може да ми го оспори

Јас сум родена во Скопје, Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка. Тоа никој ниту може, ниту смее да го…

October 6, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Очекуваме 60 општини во рацете на нашата коалиција

Во недела масовно да излеземе на избори, да го заокружиме бројот 9 за Тони Тоневски и за развој на Пробиштип.…

October 28, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ДУИ е криминализирана и искомпромитирана и во моментов е опасна закана

Во вечерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати сериозна критика кон…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?