Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Црвените линии на Филипче се контури на ново предавство во иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Црвените линии на Филипче се контури на ново предавство во иднина
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Црвените линии на Филипче се контури на ново предавство во иднина

Објавено September 27, 2025 17:02
Сподели
Сподели

Додека ние се бориме за чесна и успешна Македонија, гледаме за што се борат нашите противници. Гледаме дека нашите противници повторно се обидуваат со трикови и празни декларации да го измамат народот. Најавуваат некакви „црвени линии“ за Бугарија, но во суштина знаеме што вредат и колку вредат и колку траат нивните декларации. Но она што уште не можам да разберам е на кого му праќаат сигнал? На кого се заложници? До кога ќе трае нивниот аранжман?

Ова е реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на државата, Христијан Мицкоски.

Претходно денеска, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека Резолуцијата изготвена од неговата партија која се однесува на враќање на евроинтегративните процеси во преден план, бил најпатриотски документ.

„Народот не е наивен. Народот добро ги памети. Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги. И токму затоа, овој пат ќе има казна уште поголема казна на овие избори споредено со претходните“,изјави Мицкоски.

Мицкоски вели логично е прашањето зошто пред избори оваа тема е наметната од страна на СДСМ.

„Повторувам и не знам и се чудам на што се надеваат, до кого го испраќаат овој сигнал. Но нашиот народ покажал низ вековите дека е мудар, добро памети до пред само една година каква власт имаше СДСМ и ДУИ и што направи. Ги памети и оние траги-комични изјави за македонската жица која свири во душата на нивниот поранешен премиер и сегашен гуру, ги памети и изјавите дека Уставот нема да се менува и ветувањата кои ги даваше додека сите овие сега кои се во раководството му ракоплескаа. Сега таа иста екипа нуди резолуција која и самите знаеме дека и таква каква што е нема да ја почитуваат“,заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова: Скопје не е експеримент, граѓаните не се тука за некој да проба уште еднаш
Следна Статија УПОЗ: Јавнообвинителската служба на работ на колапс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Трајановски е предложен за потпретседател на СДСМ оти заедно со Филипче летуваше на јахтата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче како верен послушник на Заев го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда. Поставувањето на Трајановски…

November 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче за Мицкоски: Слаб говор, лоши пораки

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека премиерот Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, имал слаб говор и…

June 18, 2025
ПОЛИТИКА

Ристески: За пратениците на Левица петок бил неработен ден, лицемерието на Фејсбук патриотите на површина!

Ова се празните места каде што треба да седат пратениците Левица. Еве како се зема плата без работа и без…

January 17, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат власт

СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат…

December 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?