Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МЗТ Скопје го крена Суперкупот, кај дамите славеше Баскет Кам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > МЗТ Скопје го крена Суперкупот, кај дамите славеше Баскет Кам
СПОРТ

МЗТ Скопје го крена Суперкупот, кај дамите славеше Баскет Кам

Објавено September 29, 2025 08:44
Сподели
Сподели

МЗТ Скопје повторно го крена пехарот во мак-баскетот, овојпат во Суперкупот на Македонија, совладувајќи го Кожув со 71-64. Иако важеше за аутсајдер, тимот од Гевгелија одигра храбро и му зададе многу проблеми на фаворитот, па исходот се решаваше во последните минути. За „штрковите“ ова е осмо трофејно одличје во натпреварувањето што ја отвора новата сезона.

Кожув одлично влезе во мечот и првата четвртина ја заврши со водство 11-18, а и на полувреме остана во плус (26-31). Но, МЗТ со серија преку Андоноски, Крстевски и Магдевски направи пресврт и замина на одмор со минимално водство (32-31).

Во продолжението, Парвис и Николоас беа движечка сила на Кожув и натпреварот остана неизвесен. Се менуваа водства (38-38, 43-44, 52-52), а пред последната четвртина МЗТ имаше тесна предност од три поени (55-52) благодарение на тројката на Војдан Стојановски.

Клучниот момент дојде во самиот финиш – при резултат 63-62, Стојановски повторно погоди од дистанца и донесе мир во редовите на аеродромци. Остатокот беше рутина – Дамјан Стојановски и Марин Петков од линијата за слободни фрлања ја потврдија победата.

Кошаркарките на Баскет Кам повторно го освоија Суперкупот на Македонија, откако во финалето беа подобри од Вардар со убедливи 63-44 и го одбранија трофејот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна дваесетдневната изборна кампања пред гласањето на 19 октомври
Следна Статија Рама: Косово доброволно стана заложник на Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Чаби Алонсо ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Ова е веста која веднаш го обиколи фудбалскиот свет откако шпанскиот…

May 9, 2025
СПОРТ

Каков срам за Манчестер јунајтед: Елиминиран е од четвртолигаш во Лига Купот на Англија

Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал) Гримзби го елиминира Манчестер јунајтед во второто коло, во Лига купот.…

August 28, 2025
СПОРТ

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово…

July 25, 2025
СПОРТ

Време е за „Мадрилењо“ во Лигата на шампионите

Првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена, а дерби натпреварот ќе се…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?