Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Марка“ за Столе Димитриевски: Парадоксот на Валенсија, најдоброто засилување им седи на клупа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > „Марка“ за Столе Димитриевски: Парадоксот на Валенсија, најдоброто засилување им седи на клупа
СПОРТ

„Марка“ за Столе Димитриевски: Парадоксот на Валенсија, најдоброто засилување им седи на клупа

Објавено October 17, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Столе Димитриевски со одличните настапи со години наназад во дресот на Рајо Валјекано ги потврди своите врвни голмански квалитети во шпанската Ла Лига. Токму затоа, шпанската јавност е шокирана од она што му се случува на нашиот репрезентативец по трансферот во Валенсија, каде Димитриевски не добива шанса да ги покаже квалитетите.

За потсетување, Столе потпиша за „лилјаците“ со идеја да биде прв голман во овој клуб, бранеше на стартот од подготовките, но планот целосно се промни кога Валенсија во последен момент реши да го врати Мамардашвили на едногодишна позајмица, повторно давајќи му ја на Грузиецот улогата на стартен чувар на мрежата.

Мадридскиот весник „Марка“ посвети една страница на невообичаените случувања на „Месталја“, на текст со наслов „Парадоксот на Димитриевски во Валенсија“.

„Димитриевски беше прво засилување за Валенсија во текот на летото, постојано бранеше во текот на подготовките и се одеше во најдобар ред за него се до моментот кога беше одлучено Мамардашвили да дојде на едногодишна позајмица од Ливерпул. Оттогаш Столе има нула минути и уште чека на своето деби. Најголемото летно засилување седи на клупата и најверојатно ќе му биде дадена шанса во меч од Купот против екипа од некоја од пониските лиги во Шпанија. Ситуацијата за него не е лесна бидејќи пред да потпише беше слободен играч и имаше понуди и од други клубови од Шпанија и Европа, но Столе ја избра Валенсија затоа што очекуваше да биде прв голман и да го покаже својот квалитет“, се вели во текстот на „Марка“ за македонскиот голман.

Димитриевски засега е со став да остане и да се бори, но не се исклучува можноста тој во јануари да замине на шестмесечна позајмица, а потоа летото 2025 да се врати на „Месталја“ и по заминувањето на Мамардашвили во Ливерпул и дефинитивно да му се исполни големата желба – да стане прв голман на Валенсија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средствата од унгарскиот заем треба да легнат на сметката во Народна банка, започната постапката за втората транша
Следна Статија Николоски: Директни прекуморски и интерконтинентални летови од Скопскиот аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Тухел по победата: Многу е … моите емоции, се многу измешани

Репрезентацијата на Англија го доби осминафиналето со Мексико на негов терен со 3:2, а притоа поради црвениот картон Џарел Кванса,…

July 6, 2026
СПОРТ

Коко Гоф со пресврт до прв трофеј на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето. Гоф ја освои втората Гренд слем…

June 8, 2025
СПОРТ

Црвена Ѕвезда го победи Партизан и доаѓа во Скопје

Фудбалерите на Црвена звезда го совладаа Партизан со резултат 2:1 (0:1) во 31. коло од Супер лигата на Србија. Стрелци…

April 12, 2025
СПОРТ

(Видео) Баерн во 94.минута се спаси против Селтик, Феенорд го елиминира Милан

Клуб Бриж, Баерн Минхен, Феенорд и Бенфика се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Феенорд успеаја да…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?