Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија
СПОРТ

Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија

Објавено September 30, 2025 17:56
Сподели
Сподели

Српскиот тренер Душан Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија, потврди Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС).

Алимпијевиќ се договори со КСС за тригодишна соработка и ќе го замени Светислав Пешиќ на функцијата.

„Во тој период, Алимпијевиќ ќе ги преземе сите одговорности поврзани со подготовките на националниот тим за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство („прозорци“ на ФИБА), како и меѓународните натпреварувања.

Алимпијевиќ е признат како личност која поседува експертиза, авторитет и посветеност потребни за водење на националниот тим на највисоко ниво, а воедно внесува и нова енергија потребна за постигнување резултати, кои секогаш се очекуваат од сениорската репрезентација на Србија.

КСС навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни чекори поврзани со формирањето на стручниот штаб и планот за подготовка“, се вели во соопштението.

Алимпијевиќ е предводник на новата генерација млади српски тренери, кои веќе постигнаа одлични резултати и го потврдија својот квалитет на европската сцена.

И покрај фактот дека е многу млад тренер, Алимпијевиќ веќе има завидно искуство во натпреварувања како што се Еврокупот и Евролигата, вклучувајќи ја и наградата за тренер на годината во Еврокупот 2022.

Тој моментално е тренер на Бешикташ, тим кој се натпреварува во Еврокупот, па претстојните „прозорци“ во квалификациите за Мундобаскетот нема да бидат проблем за него, бидејќи тогаш нема да има натпревари во второто најсилно натпреварување во клупската кошарка.

Во својата тренерска кариера работеше во ФМП, Црвена звезда, потоа постигна одлични резултати во тимот на Бурса, кои го препорача во Бешикташ, каде се уште работи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водно ќе блеска и по мрак: Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“
Следна Статија Во пукотница во бар во Белград е убиена жена, ранети се најмалку петмина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Миках Парсонс и размената, а не Lions, ги чини Cowboys во нивната сезона

Иако можеби Lions го зададе последниот удар, годината на Dallas се сведе на врска во недела 4 против Green Bay…

December 6, 2025
СПОРТ

31 година без Аиртон Сена

На денешен ден пред 31 година на трката за Големата награда на Сан Марино во Формула 1, животот го загуби…

May 1, 2025
СПОРТ

Бод вреден како победа за Македонија

Maкедонија не е аутсајдер на Светското првенство во Хрватска.Тоа го покажа на денешниот меч против фаворитот Унгарија.Бевме рамноправни, ако не…

January 15, 2025
СПОРТ

ФОТО: Дрес на Коби Брајант продаден за 7 милиони долари

Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?