Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето
ХРОНИКА

Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето

Објавено October 17, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.

Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на местото и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот, се вели во соопштението.

Во сообраќајката што се случи вчера попладне на автопатот Скопје – Велес, три лица загинаа, а пет беа повредени.

Станува збор за работници од Велес, кои се враќале од работното место во Скопје и патувале со организиран превоз од фирмата во која работеле.

Несреќата, како што соопшти МВР, е пријавена во 17:45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

Во СВР Скопје било пријавено дека синоќа во 17.35 часот на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР.

Поради сообраќајката вчера попладне беа блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот беше во прекин од 17:45 часот и се пренасочуваше преку Петровец – Велес (по стариот пат), Миладиновци – Св.Николе – Велес – Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец
Следна Статија Во тек голема полициска акција во Тетово и Охрид, има приведени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се заканил со убиство кон функционери на политичка партија: Поведена постапка за загрозување на сигурноста против тетовец

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано…

October 31, 2025
ХРОНИКА

Обвинетиот го прикажува смртното прегазување на мојот татко Југослав како несреќен случај, вели неговата ќерка

По завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје за случајот во кој беше смртно прегазен 68-годишниот Југослав…

December 23, 2025
ХРОНИКА

Тројца починати мажи вчера биле пронајдени во Скопје

Во Скопје во еден ден се пронајдени три тела на починати мажи, а Обвинителството засега не дава информации за причините…

June 7, 2026
ХРОНИКА

Гори фабрика за пластика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?