Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција денеска парализирана од генерален штрајк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грција денеска парализирана од генерален штрајк
БАЛКАН

Грција денеска парализирана од генерален штрајк

Објавено October 1, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Без бродски и железнички сообраќај е денеска Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти итн, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот, што ќе ја парализира земјата е поради новиот закон за работни односи, кој според синдикатите предвидува и 13 часовно работно време, бараат повлекување на одредбите за уредување на работното време и негово намалување, но и целосно враќање на слободните колективни преговори.

Бродовите денеска ќе останат закотвени на пристаништата, возовите на пероните, а единствено нема да има проблеми во воздушниот сообраќај со оглед на тоа што закажаниот штрајк на контролорите на летање, надлежниот суд го прогласи за незаконски.

Атина денеска е без такси превоз, поради учеството на такси возачите во штрајкот, а проблеми ќе има и во јавниот превоз, со оглед на тоа што метрото, автобусите, трамваите и тролејбусите ќе сообраќаат неколку часа.

Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, студентски здруженија и организации, просветните работници организирани од нивниот синдикат, со што можно е некои училишта да бидат затворени.

Во Солун, во Атина и во други грчки градови за претпладнево закажани се протести.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново поскапување на цигарите, нека му ја мислат пушачите
Следна Статија Кандидатот на СДСМ за Пробиштип, Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскурзија низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на Милорад Додик

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на водачот на босанските Срби, Милорад Додик. Покрај него, забраната важи и за…

April 4, 2025
БАЛКАН

Доколку Албанија продолжи во оваа насока, можно е да стане членка на Европската Унија до 2030 година – вели Кос

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, во изјава за телевизијата Клан њуз, ја оцени Албанија како една од…

April 25, 2026
БАЛКАН

Порака „За Кочани- Србија е со Македонија“ синоќа во Белград (ВИДЕО)

Пораката „За Кочани- Србија е со Македонија“ беше испишано синоќа на познатата „Палата Белград“ висока 168 метри во поддршка за…

March 17, 2025
БАЛКАН

Бугарија загуби 600 милиони евра во грантови од ЕУ

Бугарската влада најави дека ќе се откаже од грантови од 600 милиони евра од ЕУ за проекти според Планот за…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?