Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје
ПОЛИТИКА

Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје

Објавено October 1, 2025 17:49
Сподели
Сподели

Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава, кој е во фаза на реализација, се вели во соопштението од кандидатот за градоначалник на Град Скопје Горан Маркоски.

Професорот Горан Марковски, кој е независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за овој проект, како еден од најсуштинските за градот.

За жал, овој проект беше мета на дневнополитичките игри и пресметки од институциите и партиите. Во наредниот период, доколку ја добијам поддршката од граѓаните целосно ќе се фокусираме на навремена и целосна изградба на пречистителната станица, која треба да овозможи заштита на животната средина и подобар квалитет на живот за сите скопјани, истакна Марковски.

Професорот Марковски напомена дека здравјето на граѓаните мора да биде прв приоритет, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока: почист воздух, вода и почва.

Тој продолжува со своите активности во рамки на кампањата, средбите со граѓани и јавните настапи кои имаат за цел да овозможат презентација на програмата за подобро Скопје.

Марковски ги повика граѓаните да гласаат за бројот 128 за градоначалник на Скопје, како и за бројот 35 за листата на советници за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка
Следна Статија Голем пад на американскиот долар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Загрижени сме за здравјето на Филипче – скроз забега

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изнесени на прес-конференција, обвинувајќи го дека „поставува прашања за…

December 11, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМОВЦИ ДОБИЈА НАПАД НА ПАТРИОТИЗАМ Функционерите го објавуваат македонското знаме на профилите на Фејсбук

По инцидентот за време на вчерашната прослава на Денот на албанското знаме во центарот на Скопје, кога граѓани го искинаа…

November 29, 2024
ПОЛИТИКА

Ахмети тврди дека премиери и академици му нуделе да ја поделат Македонија

По повод 24-годишнина на Охридскиот договор лидерот на ДУИ Али Ахмети се обрати до „сограѓаните Македонци, на македонски јазик“, преку…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?