Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови од 32,8 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови од 32,8 милиони денари
ЕКОНОМИЈА

Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови од 32,8 милиони денари

Објавено October 2, 2025 09:53
Сподели
Сподели

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воспостави системски пристап за заштита на државата во сите судски постапки и за првпат активно покренува тужби за наплата на долгови од должници, соопшти министерката за енергетика рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

„За првпат, воспоставуваме системски пристап со кој државата активно се брани во сите постапки и истовремено се покренуваат нови тужби за наплата на долгови од должници. Во изминатите години државата била оставена без активна правна заштита – не биле оспорувани клучни докази, не биле преземани мерки за застареност на побарувањата и не биле бранети државните позиции. Министерството го менува тој пристап: активно се вклучува во секоја судска постапка, бара стручни вештачења, ја координира одбраната со Владата, иницира постапки за наплата на долгот на државата. Обврска ни е да ги штитиме средствата на граѓаните и ставаме ред во правните постапки“, вели Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со превземањето на надлежностите затекна шест судски предмети по поднесени Тужби за вкупна вредност од 421.862.824,00 денари, поднесени против Министерство за Економија.

„Правниот сектор при МЕРМС, уште при превземање на предметите изврши увид во истите и зема учество во судските постапки преку превземање на правни дејствија. Веќе има конкретни резултати: две тужби против државата во вредност од 315 милиони денари се одбиени, со што буџетот е заштитен од огромни трошоци, а вкупната вредност на предметите против Министерството е намалена од 421,8 милиони на 106,8 милиони денари“, рече Божиновска.

Секторот за правни работи при увидот во преземената документација утврдил дека воопшто нема поднесени тужби против должници (физички и правни лица) за наплата на долг кој произлегува од неплатен надомест. Сепак, во соработка со Секторот за минерални суровини, беше констатирано дека постојат повеќе застарени побарувања по основ на концесиски надомест, како и побарувања за неплатен концесиски надомест за кои не се поведени судски постапки, а има основ државата да бара исплата.

„Министерството покрена 17 постапки за наплата на долгови во вкупна вредност од 32,8 милиони денари, од кои дел веќе се завршени со спогодби и позитивни пресуди. Истовремено на Управен суд се водат околу 20 предмети поврзани со концесии, од кои веќе има позитивна пракса за одбивање на тужби и предлози за времена мерка“, велат од Министерството

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 79-годишен велешанец е прв во земјава кој ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на ногата
Следна Статија Герасимовски: Не потрошив ниту денар на кафани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето

Знам дека сме во период на избори и во период кога сензитивноста е преголема на сите страни. Но сакам да…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Лидл“ го заокружува логистичкиот центар вреден 115 милиони евра

Германскиот трговски синџир „Лидл“ ја потврдува својата долгорочна определба за македонскиот пазар преку инвестицијата од 115 милиони евра во новиот…

June 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите

Македонија е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а Владата и работодавачите немаат слух…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, информира министерката за финансии,…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?