Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција е подготвена за спроведување на новиот систем за влез и излез ЕЕС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грција е подготвена за спроведување на новиот систем за влез и излез ЕЕС
БАЛКАН

Грција е подготвена за спроведување на новиот систем за влез и излез ЕЕС

Објавено October 2, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Грција е подготвена за спроведување на системот за влез и излез ЕЕС и ги исполни сите обврски и на централно и на оперативно ниво, со интегрирани 99 пунктови за пасошка контрола, информираат за МИА од кабинетот на портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, по добиениот одговор од надлежното Министерство за заштита на граѓаните на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на тоа колку е Грција подготвена за конкретниот систем што се воведува на 12 октомври и како точно ќе функционира, дописничката на МИА од Атина пред десетина дена побара одговор од портпаролот на грчката Влада на редовниот брифинг со новинарите кога Маринакис рече дека „Грција се прилагодува на секој систем, што мора да го има една земја-членка, една држава-членка“, но и дека за повеќе детали дополнително ќе нè информиран откако ги добие потребните информации од ко-надлежните министерства.

Од кабинетот на портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис за МИА го пренесоа одговорт од Министерство за заштита на граѓаните кое е надлежно за граничните контроли, во кое велат дека со исполнување на сите обврски „и на централно и на оперативно ниво, со спроведените сите потребни технички тестови под целосна контрола на Комисијата и Агенцијата EuLISA“, Грција е подготвена за новиот систем.

– Од 12 октомври, Грција ќе интегрира 99 пунктови за пасошка контрола. На овие пунктови: инсталирана е целата опрема што се однесува на ефикасното функционирање на системот за влез и излез; испратен е информативен материјал до сите управни тела и до ко-надлежните министерства и извршени се посети за да се потврди подготвеноста и соодветноста на објектите и опремата, информираа од Министерството за заштита на граѓаните на Грција.

Новиот систем за влез и излез од ЕУ што од 12 октомври постепен ќе се воведен предвидува електронска евиденција на биометриски податоци (фотографија и отпечатоци од прсти), како и точни записи за датумите на влез и излез.

Од макеоднското Министерство за внатрешни работи вчера информираа дека ЕЕС системот се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат за краток престој (до 90 дена во рамки на 180 дена), а ќе биде активен на сите надворешни гранични премини на 29 земји, меѓу кои се: Грција, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

– При првото патување по воведувањето на системот, патниците ќе поминат низ целосен процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот. За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации. При следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка, информираа вчера од МВР.

Во периодот од октомври 2025 до април 2026 системот ќе се воведува по фази, што значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција, додека пак од 10 април 2026 година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

Претседателот на Унијата на полицајци од Килкис Христос Карјотудис, за МИА пред неколку дена коментираше дека конкретно за копнениот граничен премин Евзони каде што најголемиот дел од патниците се од трети земји, системот можно е дополнително да ја отежни работата и функционирањето на самиот премин и дополнително да се зголеми времето на чекање, но сепак посочи дека персоналот е подготвени, а полицајците се обучени за употреба на системот.

Паралелно посочи дека добра околност е тоа што воведувањето започнува сега, а не во летниот период и ќе има време да се разработи

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Набавени 80.000 вакцини против сезонски грип – Еве кога почнува имунизацијата
Следна Статија Рекордни 14.000 натпреварувачи ќе настапат на Скопскиот атлетски маратон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Србин почина под чудни околности во Москва: Работел за одбранбена компанија

Претставникот на Југоимпорт СДПР Радомир Куртиќ почина под необјаснети околности, а клучни материјали исчезнаа од канцеларијата на компанијата во Москва.…

December 16, 2025
БАЛКАН

Вучиќ најави предвремени избори: Убедливо ќе победиме, ни треба нова сила, нова енергија

Вучиќ ги обиколи штандовите и се сликаше со собраните граѓани. Им се заблагодари за „величествениот пречек“. Ги повика граѓаните да…

May 30, 2025
БАЛКАН

Црногорците објавија ВИДЕО од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето

Ивица Костелиќ преживеа доста незгодни падови низ сите скијачки центри ширум светот, но дефинитивно, животот на Хрватот ниту еднаш не…

March 11, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си, кој друг може да го направи тоа?

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва на 8 мај за да го одбележи Денот на победата,…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?