Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва
СВЕТ

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Објавено October 2, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Британскиот весник „Дејли меил“ објави дека врз поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад бил извршен обид за атентат, и дека тој бил во болница.

Асад пред девет месеци доби политички азил во Русија откако беше соборен од власта во граѓанската војна во Сирија.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, повикувајќи се на „приватен извор“, тврди дека Асад во понеделникот бил отпуштен од болница во предградие на Москва.

Истиот извор наведува дека Асад бил отруен и дека мотивот за атентатот бил „да се засрами руската влада и да се обвини за соучесништво во неговата смрт“.

„Дејли меил“ објави дека сирискиот Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека состојбата на Асад сега е „стабилна“.

Исто така, тој додаде дека само братот Махер Асад имал дозвола да го посетува поранешниот претседател во болницата, пред се, поради високите безбедносни мерки.

Руската влада засега не ги коментираше тврдењата.

„Непотврдени извештаи претходно сугерираа дека Асад бил примен во болница во критична состојба откако бил отруен“, објави „Дејли меил“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Граѓаните да пријават доколку некој побара награда за службено дејствие кое е обврска да се изврши
Следна Статија Шкендија дебитираше со пораз во Конференциската лига

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Четири војници загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени во напад со беспилотно летало врз воена база во северниот…

October 14, 2024
СВЕТ

Трамп објави дека Сузи Вајлс ќе биде шеф на кабинетот на Белата куќа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговата менаџерка на кампањата Сузи Вајлс ќе биде шефица на кабинетот на…

November 8, 2024
СВЕТ

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, во израелската операција чија цел беше да се спречи напредокот на нуклеарната програма на Иран, беа…

June 13, 2025
СВЕТ

Трамп го назначи контроверзниот „цар на границата“ за шеф на имиграцијата и депортациите

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека Том Хоман, поранешниот вршител на должноста директор на американската служба за имиграција и…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?