Доколку следите здрав начин на живот, пиете вода не ја прескокнувате вашата рутина за нега на кожата но, вашето тело ви испраќа порака за помош, затоа ви претставуваме пет витамини кои им помагаат на жените по 30-тата година да блеснат – одвнатре и однадвор.
Витамин А – Вашиот личен филтер за кожа и очи
Дали вашата кожа станува сува, а раните заздравуваат бавно? Можеби ви недостасува токму тоа – витамин А, познат како ретинол. Тој е клучен за здрава кожа, добар вид и репродуктивен систем.
Ги има во жолчката од јајце и масната риба, а ако сте повеќе „фит“, тогаш не заборавајте да грицкате моркови, тиква, спанаќ и портокалови пиперки од време на време.
Б комплекс – Енергија во капсула
Дали сте постојано уморни, нервозни, дали имате трнење во рацете и нозете? Можеби ви треба Б комплекс. Овие витамини се вистинска бомба за убавина и рамнотежа: тие им помагаат на нервите, хормоните, косата и кожата.
Ги има во јаткасти плодови, житарки, авокадо, леќа, банани, јајца, сирење… Накратко: во сè што ви ја радува душата!
Витамин Ц – Вашиот имунолошки штит
Без него, нема ниту силна одбрана ниту сјаен тен. Ако непцата ви крварат, косата ви се разредува, а лицето ви изгледа уморно – време е да го додадете витаминот Ц во вашата рутина.
Го има во црна рибизла, киви, магдонос, пиперка и секако – цитрусни овошја. Трик: јадете ги сурови или малку преработени за да го зачувате максимумот на витамини.
Витамин Д – Сонцето во шише (или на чинија)
Иако е ѕвезда на виталноста, честопати ни недостасува витамин Д – особено ако го избегнувате сонцето (или го поминувате летото под клима уред). Се грижи за коските, расположението и имунитетот. А неговиот недостаток – доаѓа во пакет со летаргија, лош сон и болки во грбот.
Земете дневна доза на сонце, јадете масна риба, жолчки од јајца и сирење. Ако сè уште не е доволно, размислете за додатоци на Д3 – но само со совет од лекар.
Витамин Е – Тајно оружје за убавина и плодност
Зошто вашата кожа се лупи, косата ви паѓа повеќе од вообичаено, а вашето тело изгледа уморно? Веројатно ви недостасува витамин Е, моќен антиоксиданс кој ја зачувува младоста и женственоста.
Додајте ладно цедени масла (пченични никулци, маслиново, сончогледово) во вашата исхрана. Комбинирајте го со витамин Ц за уште посилен ефект – на пример, прелијте со лимон и маслиново масло врз салата.