Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: Чаир ќе добие Младински центар, дом на младински идеи и иновации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Меџити: Чаир ќе добие Младински центар, дом на младински идеи и иновации
ПОЛИТИКА

Меџити: Чаир ќе добие Младински центар, дом на младински идеи и иновации

Објавено October 4, 2025 16:49
Сподели
Сподели

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама, денес го претставија еден од клучните приоритети на изборната програма, изградбата на Младинскиот центар, проект кој има за цел да им го овозможи на младите просторот кој им недостига за развој, креативност и иновации.

 

„Со задоволство го претставувам еден од најзначајните и најдрагите проекти за мене лично, Младинскиот центар на Чаир, проект кој ја претставува мојата визија за еден модерен, напреден и кон иднината ориентиран Чаир. Чаир располага со големо младинско богатство, талентирани млади девојки и момчиња со исклучителен потенцијал, кои заслужуваат повеќе од зборови – заслужуваат можности, поддршка и простор за развој. Затоа изградбата на Младинскиот центар ќе биде апсолутен приоритет на мојот мандат како градоначалник. Ова не е само физички објект, туку платформа каде нашата младина ќе може да учи, да создава, да се изразува и активно да ја гради својата иднина“, изјави Меџити.

Кандидатот за советник, Аритон Рама, во својата изјава ги опиша деталите за просториите кои ќе ги поседува овој објект:

Младинскиот центар ќе биде изграден на четири функционални нивоа:
-Библиотека и сала за предавања – за учење, истражување и културни настани.
-Дигитален центар – со лабораторија за вештачка интелигенција, бесплатни
обуки по програмирање и дигитална писменост, како и простор за стартапи и младинско менторство.
-STEM академија – која ќе нуди обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката.
-Простории за театар, советување и креативни активности, каде што младите ќе можат слободно и без бариери да се изразуваат.

Меџити и Рама потенцираа дека со овој проект гарантираат дека Чаир ќе стане центар на иновации, образование и младинска креативност. Младите ќе имаат место каде ќе учат, ќе се развиваат и ќе ја градат својата иднина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Расел со брилијантен круг до пол-позицијата во Сингапур
Следна Статија Мицкоски од Брвеница: СДСМ, ДУИ и Левица се обединија затоа што се жедни за власт и поради гнев кон ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Во целост и навреме го реализираме проектот бесплатни учебници

Во целост и навреме го реализиравме проектот за бесплатни учебници!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук претседателот на Владата на…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година

Економска криза, а потоа и „мигранти за пари“, се сценаријата што ја очекуваат државата, вели лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз…

February 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Војната на УЧК во Косово и Македонија беше праведна и разумна

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изрази целосна поддршка за вчерашниот протест во Приштина под името…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?