Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: Со дигитализацијата на услугите Скопје ќе биде водечки паметен град во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: Со дигитализацијата на услугите Скопје ќе биде водечки паметен град во регионот
ПОЛИТИКА

Шукова: Со дигитализацијата на услугите Скопје ќе биде водечки паметен град во регионот

Објавено October 5, 2025 09:25
Сподели
Сподели

Со дигитализацијата на услугите Скопје ќе биде водечки паметен град во регионот, најавува кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.

Шукова ветува модерни дигитални услуги за подобрување животот на граѓаните, особено на младите луѓе. таа вели дека ќе биде креирана дигиталната платформа за поголема ефикасноста на градската администрација за побрзи, поедноставни и поефикасни административни услуги, размена на податоци и документи по електронски пат (Сервисна магистрала – Enterprise Service Bus, Скопје SmartCity).

Сите овие предности, на краток рок, Шукова планира да ги оствари со развој на сеопфатен портал за е-услуги за граѓаните и бизнисите и воведување е-плаќање за сите градски давачки и услуги (како. на пример. е-даноци).

Паралелно со овие мерки, Шукова најавива создавање мобилна апликација за пристап до градски информации и услуги.

На среден рок, нејзината програма предвидува дигитализација на сите административни процеси и услуги и воведување е-управа за подобрување на транспарентноста и ефикасноста.

Во оваа временска рамка таа предвидува и развој на системи за податочни аналитики за подобро донесување одлуки.

Во градската дигитална стратегија на долг рок, Каја Шукова планира создавање просторна база на податоци „град дигитален близнак“, за симулација и планирање на градските проекти.

Во текот на мандатот, доколку го добие, Шукува најавува воведување вештачка интелигенција за подобрување на градските услуги за да трансформација на Скопје во водечки паметен град во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?
Следна Статија Честер – малиот англиски град што ги победи Венеција и Лондон за титулата „најубав град во светот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Македонија е мета на странски влијанија

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да…

March 22, 2026
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните

Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

Заев за Села: Дај боже да не е човеков ваков од пресилните удари од 27 април

Ќе искористам една реченица која ја прочитав неодамна – Македонија е остров на рационалност, ама и океан на лудило и…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?