Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон!
СПОРТ

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон!

Објавено October 5, 2025 11:21
Сподели
Сподели

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во машка и Ирине Џеруто од Кенија во женска конкуренција победија на годинешното, 21. по ред, издание на Виз Ер скопски маратон.

Ивановски ја мина делницата во должина од 42 километри со време од 2:14:50 часа, триумфирајќи со извонреден финиш во кој во завршните два километри го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време водеше во трката, а на крајот заврши второпласиран, заостанувајќи 30 секунди зад победникот. Третото место го освои Грузиецот Давити Каразишвили со време од 2:19:59 часа.

За Ивановски ова а втора победа на Виз ер скопскиот маратон, по успехот во 2021 година.

На женскиот маратон, Кенијката Џеруто беше најбрза со време од 2:38:31 часа, оставајќи ги зад себе Маринела Нинева од Бугарија (2:45:36), на второто и Ана Јусупова од Азербејџан (2:48:10), на третото место.

Годинешното издание на Виз Ер скопскиот маратон донесе рекорден број од 14.010 учесници од 58 држави.

Во полумаратонската трка најбрзо време истрчаа Албион Имери во машка и Греса Бакрачи во женска конкуренција, додека во најмасовната трка на 5 км, на која на стартот се појавија околу 10.000 учесници, победија Григоријан Никовски и Ирма Хајдари.

Во штафетниот маратон – ЕУ за спорт, победата во машка конкуренција ја однесе екипата „Врањски маратонци“ (2:26:34).

Генерален покровител на традиционалниот Виз Ер скопски маратон годинава беше Министерството за спорт.

Резултати:

Маратон

Машка конкуренција

Дарио Ивановски (2:14:50)

Џулиус Кипкоеч (2:15:20)

Давити Каразишвили (2:19:59)

Женска конкуренција

Ирине Џеруто (2:38:31)

Маринела Нинева (2:45:36)

Ана Јусупова (2:48:10)

Полумаратон (21 км)

Машка конкуренција

1 Албион Имери (1:07:57)

2 Иван Пешовски (1:11:30)

3 Александар Арсов (1:12:52)

Женска конкуренција

1 Греса Бакрачи (1:20:50)

2 Теа Божиновска (1:21:10)

3 Милјана Ристиќ Стојчевска (1:22:13)

Трка на 5 км

Машка конкуренција

1 Григоријан Никовски (15:53)

2 Гилман Јунузи (16:41)

3 Роберто Димитриевски (16:43)

Женска конкуренција

1 Ирма Хајдари (18:54)

2 Дарија Крстевска (20:02)

3 Николина Милевска Велјановска (21:19).

Штафетен маратон – ЕУ за спорт

Врањски маратонци (2:36:34).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?
Следна Статија Македонските одбојкари на ЕП во група со европскиот првак и светскиот вицепрвак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Реал ја одреди цената за Родриго

Арсенал не го крие интересот за крилниот напаѓач на реал, Родриго. Свесни за интересот од Лондон, на „Сантијаго Бернабеу“ ја…

June 24, 2025
СПОРТ

Распад систем во Јунајтед, заминува половина тим

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата…

July 5, 2025
СПОРТ

Борозан нападнат од кучиња скитници, неизвесен за натпреварот со Порто

Тренерот на Вардар, Владо Недановски се соочува со проблеми пред утрешниот меч со Порто во 3. коло од ЕХФ Европската…

October 21, 2024
СПОРТ

Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта

Женската тениска асоцијација (ВТА) соопшти дека ја прифаќа одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) во случајот со…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?