Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“

Објавено October 17, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно ѝ се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“ и истовремено ја повика на средба на која би ги разгледале можностите за решавање на проблемот околу долговите за греење на училиштата во Карпош.

Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно ѝ се извинувам за тоа што ја нареков „северџанка“. Мислам дека госпоѓата не го заслужува тоа. Но, ние мораме да разговараме. Не можеме да кажеме „ние сме ги исплатиме парите, а општината треба да знае да менаџира со нив“. Замолувам за наредниот буџет да се расчистат овие работи.

Станува збор за околу 16 милиони денари, токму тие пари ни недостасуваат. Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна имаме општини кои се бањаат со пари. Замислете општина Желино ќе финансира академија на науки и уметности. Жал ми е што мораме вака во јавност да се препукуваме. Вистински одговор е „да, има помалку средства за училиштата во Карпош, ама се надеваме со наредниот буџет дека тие средства ќе се контрибуираат за да се платат тие сметки“. Во спротивно треба да се фрлиме на штедење.

Со задоволство би сакал да се видам со министерката. Таа е релативно кратко во тоа министерство. Знам дека има многу проблеми. Има преку 400 училишта. Но, сите како општество треба да видиме што можеме да направиме за да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во општината, изјави градоначалникот Јакимовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура
Следна Статија Зоран Ускоковиќ-Сколе го нарачал убиството на Аркан, таткото и синот завршија на идентичен начин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Плаколм: Напредните кандидати како Македонија треба да добијат пристап до програмите на ЕУ

За австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, на земјите од Западниот Балкан кои постигнале значителен напредок, како…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Законот што треба да го замени „балансерот“ пред пратениците

Предлог-законот за соодветна и правична застапеност денеска ќе се најде пред пратениците на пленарна седница во прво читање, отворајќи една…

June 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Минусни утрински температури – најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Случајот со Фросина треба да нѐ освести, прстот во чело да си го стават оние кои интервернирале во обвинителството и судството

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција во Владата рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи законски измени за зголемување…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?