Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори
ПОЛИТИКА

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

Објавено October 6, 2025 08:17
Сподели
Сподели

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанскиот собир во Македонска Каменица.

„Ова не се само локални избори“, додаде тој. „Граѓаните имаат можност со својот глас да испратат порака: доста е, државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето,“ истакна Филипче.

„Борбата за нашиот дом не е само локална и не е само политичка. Тоа е економска борба, борба за достоинство. Се бориме за 500 евра минимална плата, за секој човек да може достоинствено да живее од својата работа. Се бориме за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. За иднина и за надеж.“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Ние настапуваме со чесни и посветени луѓе. Таква е Соња Стаменкова – поранешна градоначалничка која покажа што значи да си го сакаш својот дом и да работиш за него“, подвлече тој.

„Мотивот за нејзината кандидатура е да продолжиме таму каде што застанавме, затоа што општината назадуваше во секој поглед“ рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ секогаш била повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост, со идеја државата да биде дом за сите, не за неколкумина привилегирани

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Дебакл на Барселона во Севилја
Следна Статија Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со бадентер

Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со Бадинтер за законите што во законодавниот дом се донесени со…

December 22, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши оцени дека граѓаните се иселуваат затоа што 34 години гледаат кршење на закони и криминал без казни

-Можеби главното што го очекуваат граѓаните е одговорност бидејќи во изминатите 34 години тоа е нешто на што најмногу потфрламе.…

November 9, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план

Опозициската СДСМ денес алармираше за, како што велат, „сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век

Сметате ли дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трам ќе може да ни помогне околку спорот со Бугарија? Гласеше…

February 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?