Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата
ХРОНИКА

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана, од МНР велат дека случајот го истражува полицијата

Објавено October 6, 2025 13:04
Сподели
Сподели

До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, соопшти Министерството за надворешни работи.

Од таму велат дека согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката“, велат од МНР.

Словенечки медиуми објавија дека 38-годишен маж од Северна Македонија починал во центарот на Љубљана и дека причината за смртта сè уште не е разјаснета.

Словенечкиот портал 24.ur.com објави дека неговото тело е пронајдено во четвртокот во раните утрински часови, а според неофицијални информации, тој бил претепан до смрт, што полицијата не го потврдила.

„Полициските службеници извршија увид на местото на настанот, наредена е обдукција, а причината за смртта сè уште не е утврдена. Во тек е интензивна кривична истрага. Надлежното државно обвинителство ќе биде информирано за сите наоди“, изјави портпаролката на полицијата.

Полицијата, исто така, не ги потврди наводите дека починатиот маж е пронајден на Метелкова

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна француската влада: премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет
Следна Статија Горивата поевтинуваат од полноќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари, ѝ се јавиле дека ќерката имала сообраќајка

Скопјанката Р.С.(76) вчера била измамена за 130.000 денари.  Таа примила телефонски повик од едно женско и од едно машко лице,…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Меѓународна потерница за осомничениот за убиството на армискиот офицер во Батинци

Муса Џавит кој минатата недела уби војник на АРМ во скопско Батинци најверојатно побегнал од земјава објави телевизија 24.мк Од…

July 15, 2025
ХРОНИКА

Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“ – плаќале и до 250.000 евра за убиство

Неколкумесечната предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител со Истражниот центар од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Исчезна 15-годишно девојче од Јурумлери

Вчера, жена од скопското село Јурумлери пријавила во полиција дека е исчезната нејзината 15-годишна ќерка, информираат од МВР. Во 8…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?