Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зголемена стапка на банкротирани компании во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Зголемена стапка на банкротирани компании во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Зголемена стапка на банкротирани компании во Македонија

Објавено October 7, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Во услови на голем број предизвици од опкружувањето, во текот на 2024 година бројот на правни лица над кои  е отворена стечајна постапка се зголеми, што предизвика зголемување на стапката на банкротирани правни лица до ниво од 1,5 проценти (1,3 проценти во претходната година), наведуваат од Народната банка во последниот извештај за финансиската стабилност на Македонија за 2024 година, а пренесува Блумберг Адриа. Оттаму додаваат дека тоа е слично на нивоата од пред пандемијата и засега упатува на ограничен ризик од несолвентност на секторот.

Во македонскиот корпоративен сектор заклучно со минатата година работеле вкупно 59.909 субјекти, што е благо зголемување во однос на 2023 година, кога во земјава функционирале 59.682 субјекти. Податоците на Народната банка што се базираат на бројот на субјекти што лани доставиле завршни сметки во Централниот регистар покажуваат дека во минатата година има зголемување на бројот на фирми во сите дејности освен во трговијата, транспортот, складирањето и угостителството, каде што има намалување на бројот на субјекти во однос на претходната година.

Убедливо најголем раст имало во дејностите во врска со недвижен имот, стручните, научните и техничките дејности и административните и помошни услужни дејности, каде што бројот на компании се зголемил од 8.736 во 2023 година на 9.308 во 2024 година. Значителен раст на бројот на компании имало и во градежништвото, индустријата и ИКТ-секторот.

Повеќе на Блумберг Адриа

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пиперки од Македонија се повлекуваат од хрватскиот пазар, пронајден токсичен пестицид
Следна Статија Ѓорѓиевски со македонските фудбалски репрезентативци: Поддршката од најдобрите многу ми значи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со претставници од Виз Ер: Можности за проширување на соработката, подобрување на услугите

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека денеска имал средба со претставници на авиокомпанијата Wizz Air, на која разговарале за можности за…

September 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во…

July 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

ММФ прогнозира: Македонија седма најбрзо растечка економија во Европа во периодот 2027-2031

Според последната прогноза на ММФ за раст на европската економија, Македонија се најде на седмото место на најбрзо рaстечки економии…

July 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Стабилноста на денарот останува цврста определба, банкарскиот систем е стабилен

Стабилноста на денарот нема и не смее да се доведе во прашање. Тоа е одамна затворено прашање“, порача гувернерот на…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?