Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца осуденици бегале од полиција со „ренџ ровер“, полицајците испукале предупредувачки куршуми, „роверот“ излетал од патот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Двајца осуденици бегале од полиција со „ренџ ровер“, полицајците испукале предупредувачки куршуми, „роверот“ излетал од патот
ХРОНИКА

Двајца осуденици бегале од полиција со „ренџ ровер“, полицајците испукале предупредувачки куршуми, „роверот“ излетал од патот

Објавено October 7, 2025 09:58
Сподели
Сподели

Лишени од слобода се двајца осуденици, кои се обиделе да избегаат од полициска патрола, па излетале од патот, соопшти МВР.

Како што е наведено во полицискиот извештај, на 06.10.2025 во близина на населбата Нова Колонија, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишиле од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје.

Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово. Додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на улицата Панче Неделковски во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш биле преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода.

Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје-Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија.

Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.

Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027
Следна Статија ВИДЕО: Интернетот гори – Џеј Ло и Бен Афлек прегрнати на црвениот тепих по тензичниот развод

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Расте бројот на жртви од насилство – Во првото тримесечје од годинава, има 391 новоевидентирани случаи

Во првото тримесечје од 2025 година – јануари до март, бројот на ново евидентирани жртви во земјава е 391. Од…

June 27, 2025
ХРОНИКА

Сопружници измамени за 824.000 денари – очекувале да добијат стан

Во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно женско лице за сума од…

April 15, 2025
ХРОНИКА

Скопјанка нападната и ограбена од поранешниот партнер додека била на работното место

Денеска (01.09.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 околу 22:50 часот на…

September 1, 2025
ХРОНИКА

19 годишната девојка која падна од тераса била психички и физички малтретирана од таткото

Таткото на 19 годишната девојка од Тетово која во саботата падна од тераса од куќата на нејзиниот дедо, вчера самиот…

March 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?