Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Герасимовски да одговори, каде отидоа парите за Работнички, прашува Мемов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Герасимовски да одговори, каде отидоа парите за Работнички, прашува Мемов
ПОЛИТИКА

Герасимовски да одговори, каде отидоа парите за Работнички, прашува Мемов

Објавено October 7, 2025 13:33
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес-конференција потенцира дека недомаќинскиот однос на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски го доведе кошаркарскиот клуб „Работнички“ во незавидна ситуација. „Долговите се големи, „Работнички“ има дури шест БАТ-процеси што се водат против „центарци“.

„Фактот дека управата и градоначалникот Герасимовски не успеваат да најдат начин за исплата на средствата пред стартот на сезоната, говори дека чистењето на финансискиот хаос во клубот е невозможна мисија. Прашање е дали „центарци“ ќе успеат да ги решат овие спорови пред БАТ-судот на арбитража на ФИБА“ рече портпаролот на Движењето, Никола Мемов.

Тој го запраша градоначалникот Герасимовски дали Центар полека ја губи својата гордост Кошаркарскиот клуб „Работнички“. „На што се должат овие долгови на клубот и зошто Герасимовски го дозволи тоа?

-Дали Работнички ќе мора да настапи со преполовена екипа во следната сезона и да игра со играчи од младинските категории? Колку пари се двојат од буџетот на општина Центар? Каде се потрошени издвоените пари за „Работнички“.

Мемов нагласи и дека реконструкцијата на салата на „Работничи“ е во застој и запраша дали причината е поради тоа што Герасимовски им должи на изведувачите. „Работнички“ додава тој, мора повторно да застане на здрави нозе, салата да биде завршена и претворена во модерен спортски центар, каде што младите од Центар ќе сонуваат за титули.

„Клубот да има стабилно финансирање и транспарентно работење со јасна стратегија и одговорно управување. Однесувањето на градоначалникот Герасимовски е недомакинско. Никој не смее да си игра со достоинството на „Работнички“ и на Центар. Храмот на спортот ќе биде изграден со помош на општествено одговорни компании кои го сакаат „Работнички“ и спортот. Имаме визија и план во кој ќе се вклучат истакнати поранешни и сегашни спортски работници и ентузијасти, вљубеници во кошарката и ќе придонесат најтрофејниот клуб на Центар да се издигне повторно на пиедесталот, каде што му е местото“, рече на денешната прес конференција портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Запленети над 1.000 часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ на Богородица, увезени од Кина чинеле 60.852 денари
Следна Статија Пукање пред Општина Куманово, ранет кандидат за советник на ДУИ, полицајци со панцири ја блокираа општината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Ленче беше дел од криминалната мрежа на СЈО и сега наместо да се извини глуми жртва

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, реагираат…

January 22, 2026
ПОЛИТИКА

Само три жени во трка за градоначалничко место во вториот круг од локалните избори

Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи во недела, 2 ноември, од вкупно 33 општини каде ќе…

November 1, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека патот на државата кон Европската Унија е јасен, но…

April 7, 2026
ПОЛИТИКА

Анкета: Граѓаните со позитивно мислење за економска политика на власта

Една третина од граѓаните сметаат дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ (9,1%), покажуваат резултатите на истражувањето…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?