Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот
ХРОНИКА

Кандидат за советник во кома по брутален напад во Виница, напаѓачот со камен му го скршил черепот

Објавено October 8, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Тешок инцидент ја потресе Виница, откако кандидат за советник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заврши во кома по жестока тепачка што се случила пред еден ресторан во градот.

Според информациите на Јавното обвинителство, 37-годишен маж е осомничен дека на 2 октомври, по вербална расправија, физички го нападнал кандидатот за советник Имит Скопко, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

„Осомничениот најпрво му задал удари со тупаници, по што двајцата почнале да се удираат со камења. Во еден момент, осомничениот со камен го удрил Скопко во задниот дел од главата, при што тој паднал во бесознание. Констатирана е скршеница на черепот, а повредениот е во кома и животно загрозен“, соопшти Обвинителството.

Поради сериозноста на делото, јавниот обвинител побара мерка притвор од 30 дена за осомничениот, кој се товари за кривично дело „тешка телесна повреда“.

По нападот, во Виница се собрале роднини и пријатели на повредениот, кои изразиле револт и барале правда. Поради напнатата состојба, полициски специјалци биле распоредени низ градот за да спречат можни инциденти

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово
Следна Статија Која храна треба повеќе да се консумира за време на процесот на слабеење?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дедото на Вања: Александар беше на лечење и се излечи

Се јавив да прашам како се, и мајката на Александар ми кажа дека ја нема Вања, рече на денешното рочиште…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Маж ја тепал бремената сопруга во петти месец, обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, кој е осомничен за кривично дело…

August 29, 2025
ХРОНИКА

Судење за „Пулс“: Хотели се контролирале, дискотеки не – Салиу го оспори својот потпис

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, при…

June 8, 2026
ХРОНИКА

Македонка загина во сообраќајна несреќа во Полска

Трагична сообраќајна несреќа  во близина на Варшава го одзеде животот на 72-годишната Емилија Котевска Аврамчева, позната во македонската заедница во…

June 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?