Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

Објавено October 8, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Упатство за гласање на Локалните избори 2025. Гласањето е лично, а избирачите на гласање ќе можат да одат само еднаш, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош. Ќе можат да гласаат и лица чија важност на документите им истеклa од денот на распишување на изборите до 19 октомври. Пред да го добијат гласачкото ливче избирачите ќе биат проверувани со апаратите за биометриска идентификација со десниот палец.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко истакна дека ќе бидат ставени печати на избирачките ливчиња пред тие да им бидат дадени на гласачите. Гласањето се врши самостојно, тајно зад параванот со пенкало во сина боја, а потоа ливчињата (по четири за Градот Скопје, по две за другите 80 општини) се ставаат во посебни глачаки кутии.

Забрането е групно, семејно или гласање за друг, фотографирање на избирачкото место и носење оружје на гласачкото место.

Доколку гласачот има потреба за помош при гласањето тоа ќе му биде овозможено, но тој сам треба да ја искаже својата волја.

Во врска со правилникот за платено политичко рекламирање Александар Даштевски, член на ДИК, истакна дека ДИК, АВМУ, ДКСК и ДЗР имаат испратено писмо до Собранието во врска со примената на Изборниот законик поврзанo со платено политичко рекламирање за Локалните избори 2025 година во кое тврдат дека во законот има нејаснотии.

Претседателот на ДИК Кондарко рече дека согласно Изборниот законик, ДИК нема никакви допирни точки со надлежноста на АВМУ во врска со определувањето на времето и средствата за рекламирање на политичките партии.

Така што ние немаме согласно закон никакви надлежности за правилникот на друга институција која е надлежна согласно нејзините законски обврски. Како што кажа и колегата Даштевски, ние се имаме обратено до Собранието – рече Кондарко.

ДИК на денешната седница акредитираше уште пет странски и четворица домашни набљудувачи. Тројца набљудувачи побара Амбасадата на Швајцарија, двајца Врховниот изборен совет на Турција и четворица домашната Евротинк.

Кондарко посочи дека утре истекува рокот за поднесување барања за набљудување на изборите и дека досега се акредитирани 74 домашни набљудувачи и 110 меѓународни владини и невладини организации.

ДИК донесе одлука за ангажирање на помошен персонал за денот на Локалните избори, кои ќе работат на резултатите од изборите, како и за ангажирање на лица од МВР за обезбедување и транспорт на доверливиот материјал за гласње (гласачки ливчиња, избирачкиот список и уредите за биометриска идентификација).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас
Следна Статија Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе биде отворена сметка за донации за Кочани, денеска ќе се знае како помошта ќе биде канализирана

Ќе биде отворена сметка за донации по трагичната несреќа во Кочани. По денешниот состанок во Владата, како што изјави денеска…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Укината забраната за камиони и на патниот правец Маврово – Дебар

Од 16:05 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.…

February 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе го потпише договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините

Денеска 27.10.2024 година (недела) со почеток во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во Свечената сала…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод

Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се…

July 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?