Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски најави изградба на Културен дом „Есма Реџепова“ во Шуто Оризари, како и инвестици во инфраструктурата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски најави изградба на Културен дом „Есма Реџепова“ во Шуто Оризари, како и инвестици во инфраструктурата
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски најави изградба на Културен дом „Есма Реџепова“ во Шуто Оризари, како и инвестици во инфраструктурата

Објавено October 8, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Денес сме во Шуто Оризари – уште една скопска општина која е дел од нашата визија за современо, рамномерно развиено и функционално Скопје, во кое секоја општина добива шанса да го развие својот потенцијал и да придонесе кон заедничкиот напредок.Токму во таа насока, во Шуто Оризари предвидуваме низа инвестиции што ќе создадат подобра локална инфраструктура, повеќе јавен простор и нови можности за спорт, култура и социјална поврзаност. Со изградбата на нов фудбалски стадион, ќе се создаде современ спортски комплекс со терен за голем фудбал, трибини, соблекувални, осветлување и пристапна инфраструктура. Овој стадион ќе биде место каде младите ќе спортуваат, ќе се натпреваруваат и ќе се развиваат, а истовремено ќе може да се користи и за локални и регионални натпревари, како и за различни општествени настани. Исто така, предвидена е и обнова на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, со целосна реконструкција на терените, засадување дрвја, зелени површини и урбана опрема. Со оваа инвестиција, центарот повторно ќе стане средиште на спортот, рекреацијата и активниот живот во овој дел од градот, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најави и изградба на Културен дом во Шуто Оризари.

Со изградбата на новиот Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично, вложуваме во културата како темел на заедништвото и локалниот идентитет. Домот ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино проекции и младински активности, но и симбол на достоинството, традицијата и културната енергија на Шуто Оризари. Со тоа оддаваме и посебна почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура, која со својот глас го претставуваше не само Шуто Оризари, туку и Скопје и цела Македонија во светот, посочи Ѓорѓиевски и додаде:

„Денес би сакал да промовирам и дел од пакетот социјални мерки. Преку проектот „Скопје – град кој се грижи за сите“ ќе се обезбеди системска, одржлива и праведна поддршка за граѓаните во социјален ризик. Програмата за социјална заштита е стратешки инструмент за подобрување на животниот стандард и целосна интеграција на ранливите групи, преку мерки, активности и сервиси кои овозможуваат рамноправно учество во општествениот живот. Планираме градот да обезбедува поддршка за социјално загрозени семејства и поединци преку финансиска помош, хуманитарни пакети, психосоцијална поддршка и програми за образование и преквалификација. Исто така, преку прифатни центри со 24-часовна грижа и програми за ресоцијализација, ќе им помогнеме на бездомниците да се интегрираат повторно во заедницата“.

Скопје е силно само кога сите негови општини се силни, поврзани и насочени кон иста иднина, вели Ѓорѓиевски.

Овие вложувања се дел од нашата интегрирана визија за Скопје – град кој расте рамномерно, создава можности за сите . Бидејќи Скопје е силно само кога сите негови општини се силни, поврзани и насочени кон иста иднина, смета кандидатот за градоначалник за Град Скопје Орче Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите
Следна Статија Шукова: Скопје без хартија дигитален град за сите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски со македонските фудбалски репрезентативци: Поддршката од најдобрите многу ми значи

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера оствари средба со македонските фудбалски репрезентативци. -Вечерва имав огромна…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Сериозно работиме за формирање на една индустриска зона во Росоман

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот народен митинг одржан во општина Росоман во рамки на изборната кампања…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Филипче манифестира „чисто лицемерие“

Дијалогот во политиката е неопоходен и добредојден, ги поздравувам сите видови дијалог во политичката комуникација, но не треба да се…

April 5, 2025
ПОЛИТИКА

Ќоку: Коалицијата „Вреди“ продолжува заедно, ќе разговараме за детали за Локалните избори

Беким Ќоку од Коалиција „Вреди“ изјави дека вчерашната средба на лидерите била во пријателски и колективен дух. Тој потенцираше дека…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?