Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел и Хамас договорија прекин на огнот и ослободување на заложниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израел и Хамас договорија прекин на огнот и ослободување на заложниците
СВЕТ

Израел и Хамас договорија прекин на огнот и ослободување на заложниците

Објавено October 9, 2025 08:13
Сподели
Сподели

Израел и Хамас се согласија за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, договор за прекин на огнот и размена на заложници, што би можело да го отвори патот за крај на крвавата двегодишна војна на Блискиот Исток.

Само еден ден по втората годишнина од нападот на милитантите на Хамас што го предизвика разорниот напад на Израел врз Газа, индиректните разговори во Египет резултираа со договор за почетната фаза од рамката од 20 точки на Трамп за мир во палестинската енклава.

Изворите велат дека договорот би можел да биде потпишан во Египет уште денес.

Палестинската група Хамас утрово објави дека ја прифатила првата фаза од планот за прекин на огнот во Газа изразувајќи благодарност за напорите на Трамп, како и за напорите на Турција, Катар и Египет, објави Анадолу.

„Хамас објавува дека е постигнат договор што предвидува крај на војната во Газа, повлекување на окупаторските сили, испорака на хуманитарна помош и размена на затвореници“, се вели во соопштение објавено на Телеграм.

Во соопштението се додава: „Ги цениме многу напорите на нашите браќа посредници од Катар, Египет и Турција. Исто така, ги поздравуваме напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, чија цел е конечно да се стави крај на војната и целосно да се повлечат израелските окупациски сили од Појасот Газа.“

Соопштението на Хамас дојде кратко откако Трамп потврди дека Израел и Хамас ја потпишале првата фаза од договорот за Газа, предложен од САД

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ за дроновите што пристигнаа во Приштина: Згрозен сум од однесувањето на Турција
Следна Статија Пелистер загуби со двоцифрена разлика на гостувањето во Полска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

Поради обилни снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата во училиштата е прекината во 20 од 81 турска провинција,…

November 25, 2024
СВЕТ

Aмерикански хеликоптер „Апачи“ се урна во близина на Ормускиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пилотите на армиски хеликоптер „Апачи“ на САД, кој се урнал во близина на Ормускиот…

June 9, 2026
СВЕТ

Kокаин вреден 41 милион евра запленет од Француската морнарица

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин на Атлантикот, а проценетата улична вредност на таа количина дрога е 41 милион евра,…

February 9, 2026
СВЕТ

Путин им ги прости долговите на војниците што учествуваат во војната

Претседателот Владимир Путин го потпиша законот за отпишување на кредитни долгови во износ до десет милиони рубљи (околу 9.200 евра)…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?