Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски со предлог решение за сообраќајниот хаос во Скопје: Клучката Момин Поток мора да се заврши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски со предлог решение за сообраќајниот хаос во Скопје: Клучката Момин Поток мора да се заврши
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски со предлог решение за сообраќајниот хаос во Скопје: Клучката Момин Поток мора да се заврши

Објавено October 9, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Клучката Момин Поток мора да се заврши, нејзината доизградба ќе го деблокира сообраќајниот хаосво целиот северозападен дел на градот, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот митинг, кој се одржа во општина Карпош, во рамки на изборната кампања чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

„Мене добро ме познавате како четиригодишен градоначалник на општина Кисела Вода и знаете колку цврсто и колку силно се борев за моите сограѓани, дали станува збор за хигиената, дали станува збор за парковите, дали станува збор против бетонизацијата или за реализација на било кој проект, ја начекав општината во слична состојба каква што е и градот денес, руинирана од секој аспект. Благодарение на претседателот на Владата и поддршката негова, успеавме за четири години да изградиме општина којашто е една од најуспешните општини во државата, истото ви го ветувам и за градот Скопје. Со силна поддршка од Владата ќе успееме за четири години целосно да го обновиме овој руиниран систем во којшто живееме денес“, рече Ѓорѓиевски.

Тој, исто така, пред граѓаните вети дека шест месеци од назначувањето како градоначалник на град Скопје ќе се реши мостот на Љубљанска и конечно ќе биде ставен во функција, како и решавањето на клучката Момин Поток која исто така ќе биде довршена.

„Кога ја работевме програмата заедно со вас, она што најмногу го приметив кај нив беше, тоа дека се изморени со години некој да ги лаже и да им ветува напразно, тоа напразно ветување е поврзано и со мостот на Љубљанска којшто сакам да ветам денеска пред сите дека за шест месеци откако ќе станам градоначалник на градот Скопје конечно ќе биде ставен во функција и ќе биде конечно растеретено тоа сообраќајно тесно грло. Сакам да ја споменам и клучката кај Момин Поток, и таму ќе имаме сериозен акцент и за многу скоро и клучката кај Момин Поток ќе биде довршена. Кога сме кај проектите за Карпош, сакам да го истакнам мега паркот кај Лепенец, тоа беше барање од сите граѓани, така да во првите шест месеци ќе започнеме со изградба на овој мега парк каде што сите карпошани ќе можат да се рекреираат со своите семејства. Во наредните четири години постоечките паркинзи ќе бидат целосно реорганизирани, ќе се воведе зонско паркирање но и ќе поставиме нови монтажни гаражи за да се среди хаосот со паркирањето“, истакна Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајковски: Белгија сега со голем респект гледа кон нас
Следна Статија Двајца странци го оставиле багажот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за нерегуларности околу грант од 1,4 милиони евра за „Мамас

Зоран Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4…

December 3, 2025
ПОЛИТИКА

Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката? прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина…

April 21, 2025
ПОЛИТИКА

Кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ ќе биде познат во април

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва информираше дека до 15 или 20 март ќе биде завршена селекцијата на кандидатите, а…

March 6, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче ќе повика на лидерска средба по трагедијата во Кочани

Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека идната недела во Собранието ќе повика средба на лидерите на најголемите политички партии…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?